Доктор Добривоје Бојаниќ, ортопед за кого се смета дека со нестручно и несовесно лекување на прелом на подлактица предизвикал смрт на детето Раденко Никодиновиќ (8), порачал преку колегите во Општата болница во Лозница „дека не е виновен за смртта на детето.“„Не сум виновен за смртта на Раденко Никодиновиќ. Им предложив на неговите родители да го остават детето во болница, но тие одбија. Имам и сведоци за тоа! Моја единствена грешка е што не инсистирав на тоа да потпишат. Чист сум, штом заврши истрагата се враќам на работа“ – порачал Бојаниќ.
Бојаниќ уште од смртта на детето се крие од јавноста. Меѓутоа, минатиот понеделник (24 октомври) се појавил на работа бидејќи му истекле слободните денови и тогаш на колегите им ја раскажал својата верзија од приказната.
„Нема за што да ме обвинат, сѐ сторив како што треба, чист сум. Штом ќе се заврши сето ова, јас повторно ќе се вратам на работа, за недела – две“ – рекол Бојаниќ, а потоа заминал на одмор.
За потсетување, малиот Раденко починал во Белград поради компликации кои настанеле откако скршил рака. Родителите го обвинуваат докторот за лекарска грешка, а како што пишуваат српските медиуми докторот кој го примил Раденко е под полициска заштита.„Не сум виновен за смртта на Раденко Никодиновиќ. Им предложив на неговите родители да го остават детето во болница, но тие одбија. Имам и св