МНОГУМИНА ЗАПЛАКАА: Го советувала сопругот да изведе на вечера друга жена – Еве што се случило…

Времето стана пари и често не успеваме да им покажеме на блиските колку ги сакаме и колку ни значат во животот.По 21 година брак мојата жена посака да изведам друга жена на вечера и во кино! Ми рече: Те сакам, но знам дека и оваа жена те сака можеби и повеќе од мене и со задоволство би поминала некое време со тебе.
Таа друга жена беше мојата мајка. Беше вдовица веќе 19 години. Сепак поради многуте обврски и трите деца, не бев во можност да ја гледам често. Ја послушав сопругата и таа ноќ и се јавив на  својата мајка, да ја поканам да излеземе на вечера,а потоа и во кино.
„Што не е во ред синко, се ли е во ред“- ми возврати на прашањето.
(Мојата мајка е од оние луѓе на кои кога ќе им се јавите малку подоцна мислат дека нешто лошо се случило).
Тој петок после работа тргнав накај нејзината куќа. Бев многу нервозен кога стигнав пред куќата,а и таа беше видно вознемирена поради нашето излегување.
Имаше убава фризура и носеше фустан од оние нејзините кои и беа за годишнина од брак. Имаше широка насмевка која зрачеше со ангелски сјај.
„Им реков на пријателките дека излегувам со својот син и сите беа импресионирани. Едвај чекаат да им раскажам како сме поминале,“ рече во еден здив.
Излеговме во еден многу убав ресторан, не премногу елегантен, но со убав амбиент. Додека влегувавме мајка ми ме држеше под рака. Додека го читав менито, мајка ми ме гледаше со носталгична насмевка на лицето.
Продолжува на следната страна…

 
„Ех, а некогаш јас тебе ти го читав менито додека беше мал“ рече таа.„Добро, во тој случај е време да се опуштиш, и да ти ја возвратам услугата.“ Толку многу разговаравме, се присеќавме на некои наши случки…така што сесема заборавивме на филмот.
Кога вечерта ја однесов дома ми рече:
„Ќе излеземе пак, но под услов јас да те носам на вечера.“
Се согласив.
„Како беше?“ ме праша сопругата кога стигнав дома.
„Многу, многу убаво, многу поубаво отколку што се надевав“ и одговорив.
Неколку дена покасно, мојата мајка почина од срцев удар. Се се случи така одеднаш така што немав прилика да и помогнам. По одредено време примив плик со признанца од ресторанот во кој бевме. Внатре на едно ливче беше напишано: „Ја платив оваа сметка однапред. Не бев сигурна дали и јас ќе бидам присутна, но се едно, ја платив вечерата за двајца, на тебе и твојата сопруга. НИКОГАШ НЕМА ДА ЗНАЕШ КОЛКУ МИ ЗНАЧЕШЕ ОНАА НОЌ. Те сакам сине.“
Тој момент ја сфатив важноста на зборовите: „ТЕ САКАМ“, и важноста на времето кое го одвојуваме за оние кои ги сакаме. По 21 година брак мојата жена посака да изведам друга жена на вечера и во кино! Ми рече: Те сакам, но знам дека и оваа жена те сака можеби и повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: