Министерството за одбрана на Република Македонија објави конкурсот за избор за номинација на 12 кандидати за упатување на 4-годишно школување во САД, на Воено-воздухопловната академија и Воената академија „Вест Поинт“.– Станува збор за уникатна шанса за сите граѓани на Република Македонија од 17-23 години со завршено средно образование, односно со можност да го завршат средното образование до 01.07.2017 година, кои добро го познаваат англискиот јазик, соопшти денеска МО.
Кандидатите кои ќе се пријават, се појаснува, ќе поминат сет тестови и интервју во Министерството за одбрана, а ќе бидат тестирани и од надлежни комисии на Военовоздухопловната академија и на Воената академија „Вест Поинт“.
Сите кандидати кои имаат интерес можат подетално да се запознаат со конкурсот кој е објавен на веб-страницата на Министерството, www.morm.gov.mk.– Станува збор за уникатна шанса за сите граѓани на Република Македонија од 17-23 години со завршено средно образование, односно со можн