Раководството на Македонската опера и балет е добро упатено во сите законски и подзаконски сегменти кои се однесуваат на подобрување на статусот на вработените уметници, се истакнува во сооштението на Македонската опера и балет во врска со денешниот протест на Синдикатот на вработените во култура.- Дирекцијата на МОБ одговорно и систематски пристапува кон лоцирање на евентуални недостатоци кои би биле пречка за реализација на дејноста и редовните работни обврски на уметниците и за истите пронаоѓа брзи и соодветни решенија. Неспорно е дека синдикатот треба да биде заштитник на честа и статусот на уметниците, но истовремено треба да ги штити уметниците од злоупотреби во дневно-политички теми, се наведува во соопштението.
Истакнуваат дека ваквиот протест, во дадените социјално-политички услови, е сосема неоправдан и неконстуктивен, особено, наведуваат, поради фактот што Законот за култура е донесен пред повеќе од една година, а токму сега се јавуваат првите реакции.
Од МОБ апелираат до уметниците да не дозволат да бидат злоупотребени во дневно-политички теми бидејќи врз нив не се врши никаква тортура.
– Напротив, постојано сме меѓу нив за да ги водиме низ поголеми уметнички предизвици и заедно да постигнеме поголеми уметнички резултати. Во тој смисол, раководството на МОБ и понатаму ќе биде конструктивен партнер во сите сегменти кои го третираат статусот на уметниците, велат од МОБ.- Дирекцијата на МОБ одговорно и систематски пристапува кон лоцирање на евентуални недостатоци кои би биле пречка за реализација на дејноста и редо