Мобилна апликација ѝ го донесе НАЈУЖАСНОТО искуство во нејзиниот живот!

Архитектот кој се договорил да се сретне со девојка на состанок на слепо, ја силувал неколку часа, додека ѝ велел: „Девојките велат не, но тие всушност мислат да“, беше соопштено во судот.Адам Лехап (34), инсистирал да има секс со 25-годишна девојка и покрај тоа што таа го одбивала, пренесе Daily Mail.
Тој ја запознал жртвата на 9 јули 2013 година, откако се договориле претходно да се сретнат преку мобилната апликација Let`s date.
Лехап, кој работи во познатата фирма „Nine Elms Point development“ која вреди 500 милиони долари, негира дека ја силувал девојката.
Тој изјави дека уживал во средбата која вклучувала конзумирање на алкохолни пијалоци, со што младата девојка му дозволила да ја масира со масло во неговиот стан.
Во изјавата за судот, девојката рекла дека претходно го предупредила дека не сака да има ништо со него, но тој почнал да ја бакнува и да се соблекува пред неа.
По неколку минути, тој наводно легнал врз неа, скроз ја соблекол и почнал да ја силува.
Откако го оттурнала, успеала да избега од неговиот стан и да повика полиција.
Соседите ја слушнале нивната караница и во судот ја потврдиле нејзината приказна.
„Требаше да му стане јасно дека таа не сака да има ништо со него кога почна да вика. Но, изгледа тој не сакаше да го добие тој одговор“, рекол едниот од сведоците.
Младата девојка признала дека била под дејство на алкохол, но дека сепак била свесна што се случувало.
Судењето продолжува…Адам Лехап (34), инсистирал да има секс со 25-годишна девојка и покрај тоа што таа го одбивала, пренесе

Пронајдете не на следниве мрежи: