Ричард Кенер, професор по хемија на Универзитетот UCLA и Махер Ел Кади, негов постдипломец, измислија нов радикален тип на батерија која може да се полни за само неколку секунди.
Уредите кои ги нарекуваат „микросуперкондензатори базирани на графен“ можат да се полнат и празнат од неколку стотина до неколку илјади пати побрзо од стандардните батерии. Научниците велат дека оваа технологија ќе доведе не само до брзо полнење туку и до намалаување на најразличните уреди.
За производство на микросуперкондензаторите ќе се користи графен, дводимензионална структура од јаглерод со големина на атом, а за изработка на новите батерии на едноставен начин се послужиле со стандарден DVD режач.
„Традиционалните методи за изработка на микросуперкондензатори вклучуваат осетливи литографски техники, кои создаваат тешкотии во исплатлива изградба на уредите, со што ја ограничуваат својата економска оправданост.“ – вели Ел Кади, на што додава: „Наместо тоа користевме DVD режач кој што може да произведува микросуперкондензатори во големи количини со дел од трошоците на традиционалните методи. Со користење на оваа техника имавме можност да направиме повеќе од 100 микросуперкондензатори на еден диск за помалку од 30 минути, користејќи ефтини материјали“.
Ричард Кенер, професор по хемија на Универзитетот UCLA и Махер Ел Кади, негов постдипломец, измислија нов радикален ти