Мобилните се модерно средство за нервирање на околината?!

Доколку седејќи во автобус сте го прочитале истиот ред 12 пати поради лицето коешто покрај вас зборува на мобилен телефон, слободно покажете му ги резултатите од научното истражување според кое разговорите преку мобилен телефон се далеку поиритирачки отколку разговор од две лица во близина, кои се објавени во медицинскиот списание PLoS One.Како што пренесува The New York Times, студентите коишто морале да решаваат проблеми додека во нивна близина испитувачот разговарал на мобилен, биле многу подекоцентрирани и поизнервирани од студентите коишто истите проблеми ги решавале додека крај нив разговарале две лица. Студентите, исто така, имале и поголеми шанси да го запаметат разговорот на лицето што разговарало на мобилен телефон отколку дијалогот меѓу двете лица на иста оддалеченост.Ова истражување нуди и дополнително докази зошто мобилните телефони с е толку високо на списокот од модерни направи коишто иритираат.Според психологот Вероника Галван од универзитетот од Сан Диего, една од причините за тоа е потребата на човековиот мозок да ги пополни празнините. „Доколку слушнете разговор на само едно лице постојано се бидувате да ги надоместите празнините во конверзацијата и тоа природно го одвлекува вашето внимание од она што го работите“, вели Галван.Научниците велат дека исто така и кај слушачите на ваквите разговори расте напнатоста,м бидејќи не можат да побегнат од таа ситуација на ист начин на којшто расте и чувството на напнатост додека се чека воз или трамвај. „Кога чекате во ред и некој зад вас зборува на мобилен телефон, вие на некој начин сте заложници“, вели Галван и додава дека тоа може да резултира со стресен одговор на ситуацијата.Поради тоа што не е можно да се игнорира разговорот по мобилен телефон во близината, жртвите на таа ситуација често погрешно веруваат дека лицето коешто разговара со уредот е прегласно.Со ова истражување е утврдено дека процентот лица кои се иритирани од разговорите преку мобилен телефон во нивната близина почнал да опаѓа, па така во 2006 година изнервираните ги имало 82 отсто, а шест години подоцна тој процент опаднал на 74 отсто.
МакфаксДоколку седејќи во автобус сте го прочитале истиот ред 12 пати поради лицето коешто покрај вас зборува на мобиле

Пронајдете не на следниве мрежи: