Мобилно студио на ТВ НОВА брендирано во знак на револт. Со него ТВ НОВА ќе продолжи да протестира од различни локации во текот на следните денови и ќе ја информира јавноста за случајот со ТВ НОВА.
Како што појасни главната уредничка на ТВ НОВА Билјана Василева Трендафилова, денешниот протест започна пред Здружението на новинари на РМ (ЗНМ), кои се уште молчат пред притисоците со кои се соочува телевизијата, а веќе од утре мобилното студио ќе биде поставено на различни локации.
-Одбравме мобилно студио за да бидеме поблиску до граѓаните, бидејќи тоа е нашата примарна цел. Ние работиме и сме во служба на граѓаните. Новинарството не е криминал. Новинарството е професија што треба да ја работиме слободно и демократски, истакна Василева Трендафилова претпаднево пред ЗНМ.Како што појасни главната уредничка на ТВ НОВА Билјана Василева Трендафилова, денешниот протест започна пред Здружението на новинари на РМ (ЗНМ), к