недела, 22 ноември 2026
Најново

Модниот бизнис низ филмски кадри!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќето филмски критичари се едногласни дека кога станува збор за филмови кои ја третираат модата како основна идеја најпопуларни и најгледани се оние засновани на реални животни приказни.Погледнете како изгледа рејтингот на најдобрите филмови за модниот бизнис!
GIA – 1997
Во главните улоги: Анџелина Џоли, Мила Кунис, Елизабет Митчел
Режија: Мајкал Кристофер
Филмот ја раскажува биографијата на девојката Џиа која од обична садоперачка успеала да изгради кариера на супер модел, но на 26 – годишна возраст умира од сида и наркоманија.
CATWALK – 1996
Во главните улоги: Кристи Тарлингтон, Џорџо Армани, Азедин Алаја
Режија: Роберт Ликок
Документарен филм кој ја раскажува приказната за животот на супер моделот Кристи Тарлингтон и нејзините ангажмани на модните недели во Милано, Њујорк и Париз како  и случувањата на вечерните излегувања.
FUNNY FACE – 1957
Во главните улоги: Одри Хепберн, Фред Астер, Мишел Оклер
Режија: Стенли Донен
Трогателна историја за продавачката на книги чии лице се нашло на насловната на гламурозен моден магазин.
Veruschka-1971
Главни улоги: Џани ди Луиџи, Mариа Кумани Квазимодо
Режија: Франко Рубартели
Биографски филм за животот на легендарната гермaнска манекенка и актерка Вера Фон Ландорф која е правта која во 1975 година го напушта светот на модата. Денес таа работи како уметник.
THE SEPTEMBER ISSUE – 2009
Режисер: Ар-Џеј Катлер
Документарен филм за создавањето на најобемниот и воедно најтежок септемвриски број на американскиот магазин Вог од 2007 година, основан на реални истории со реалните хероини Ана Винтур, Оскар де ла рента, Сиена Милер и Грејс Кодиндтон.
Х.Н.Погледнете како изгледа рејтингот на најдобрите филмови за модниот бизнис!
GIA – 1997

Поврзани вести