Моето друштво е мој избор, а штедењето мојата иднина

Моето друштво е мој избор, а штедењето мојата иднина“Моето друштво е мој избор, а штедењето мојата иднина”, е мотото на кампањата која заеднички ја организираат Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, МАПАС, КБ Прво пензиско друштво и НЛБ Нов пензиски фонд.
Оваа кампања е од информативно-едукативен карактер и ќе се спроведува во сите средни училишта и факултетите низ земјата. Преку кампањата средношколците од завршните години и студентите ќе можат полесно да ги разберат своите права и можности кои произлегуваат од реформираниот пензиски систем.
 
На 16.10.2013 год, во СОТУ “Ѓорѓи Наумов”- Битола и СОЕУ “Јане Сандански”- Битола, се одржа втората реализација на кампањата. Од 20-минутната презентација во рамки на редовната настава, беше забележан интерес за предметот на презентацијата, кој учениците го манифестираа преку посветено слушање и интерактивност.
Повеќе информации за НЛБ пензискиот фонд може да дознаете на следниот ЛИНК“Моето друштво е мој избор, а штедењето мојата ид

Пронајдете не на следниве мрежи: