Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија попладнево дискутираа на Советот за надворешни работи нa Европската унија за состојбата во Република Македонија и според Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини, усогласиле единствен став дека е потребен отворен дијалог, имплементација на договорот од Пржино и создавање услови за развој на владеењето на правото во земјата.Како што јавува дописникот на МИА од Луксембург, како една од главните точки на денешнито Совет на шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, пропадна обидот на Германија и Велика Британија кои бараа ЕУ да заземе поцврст став во однос на политичката криза и како што објави и Могерини на прес-конференцијата по завршувањето на состанокот, тие ги повторија досегашните барања на Брисел за надминување на политичката криза во македонската држава.
-На дискусијата во однос на точката за БЈР Македонија се покажа јасно единство на земјите-членки во потребата од тоа политичко лидерство на земјата да биде посветено на отворен дијалог, имплементација на договорот од Пржино од 2015 година и да се создадат услови за развој на владеење на правото, поддршка на работата на Специјалното обвинителство и имплементирање на Итните реформски приоритети – го пренесе Могерини ставот на Советот за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Македонија.
Поради одбивањето на Хрватска, Словенија, Грција, Полска, Чешка и Унгарија воопшто да се дискутира за можноста од поставување на некаков вид услови или одредување санкции кон поединци во Македонија, денеска шефовите на дипломатиите само го повторија досега многупати искажаниот став на Европската унија за решавање на политичката криза во Македонија, а и покрај дискутирањето за земјата како „безбедносно прашање“, препораките од Советот покажуваат дека за Македонија е дискутирано по принципот за земја-кандидат за членство во ЕУ што досега повеќепати Унијата го правеше на Советот за општи работи (ГАК).Како што јавува дописникот на МИА од Луксембург, како една од главните точки на денешнито Совет на шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, пропадна