Могерини и Хан го поздравија договорот за одржување избори во Македонија

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, заедно со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, вечерва со заедничко соопштение го поздравија договорот што во Скопје го постигнаа лидерите на четирите најголеми политички партии со што и дефинитивно е договорено одржување на предвремени парламентарни избори на 11-ти декември во земјата.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Могерини и Хан ги повикаа лидерите на четирите партии Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, кои го потпишаа договорот, „строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес“.
– Го поздравуваме фактот што лидерите на четирите најголеми политички партии донесоа голем број на важни одлуки за напредок во спроведувањето на политичкиот договор од минатата година, вклучувајќи поставување на датумот за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Апелираме до сите политички партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес, за да им се овозможи на сите граѓани слободен избор и, по изборите, да се изгради влада која ќе се справи со клучните реформи и ќе работи за интересите на сите граѓани. Во иста насока, сите политички сили треба итно да ги обноват нивните напори за спроведување на остатокот од политичкиот договор, вклучувајќи ги и Итните реформски приоритети ,се наведува во соопштението.
На крајот во нивното писмено обраќање по повод договорот за излез од политичката криза во Република Македонија, Федерика Могерини и Јоханес Хан порачуваат дека „Европската унија ќе продолжи со својата поддршка на процесот и ќе и помогне на земјата да се врати на својот евроатлантски пат“.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Могерини и Хан ги повикаа лидерите на четирите партии Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али А

Пронајдете не на следниве мрежи: