Могерини: Процесот на проширување на ЕУ ќе продолжи

Loading...

Проширување на ЕУ ќе продолжи и важно е европските институции да бидат кредиблни во тој процес, порача потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика и безбедност на Унијата, Федерика Могерини по денешниот самит за Западен Балкан во Париз.-Не, дефинитивно не. Мојата порака денеска беше многу јасна. Ние сме одлучни да продолжиме со процесот на проширување и многу е важно за европските институции, за Советот и Европската комисија да бидат кредибилни во процесот, како и ние да ја поддржиме агендата на инволвираните земји. Сите тие работат многу силно и добро и ние имаме интерес за оваа реформска агенда да успее и процесот на проширување да расте. Пораката е гласна и јасна, проширувањето ќе продолжи, порача Могерини на новинарско прашање дали Брегзитот значи и дефинитивен крај на проширувањето на ЕУ.
 
Според неа, проширувањето на ЕУ е многу важно за мирот и стабилноста, но исто и за интересот што Европејците го имаат за напредување на балканскиот регион кон Европската унија.
– Но, овој Самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза се уште постои и ризикот од радикализација во регионот не обврзува да работиме заедно. Важно е денес по референдумот во Велика Британија, бидејќи внатре во Европската унија некогаш има проблеми што ја допираат додадената вредност на европскиот проект, додека на Западниот Балкан е јасно дека интеграцискиот процес во ЕУ е позитивна работа за граѓаните и евроентузијазмот во регионот е голем, па ние треба да гледаме на тоа како инспирација. Ова е важен состанок  тука и ќе работиме и на дневно ниво за да го направиме овој процес реалност за секоја од шесте земји од Балканот, истакна Могерини.-Не, дефинитивно не. Мојата порака денеска беше многу јасна. Ние сме одлучни да продолжиме со процесот на проширување и многу е важно за европските

loading...