Учествувајќи во програмата „Моја Идеја! Мој Бизнис!“, Илија Илиески доби можност за едукација и тренинг од докажани експерти во полето на бизнистот за тоа што е потребно за развивање на сопствен бзинис, како да се вложува, како да се развива бизнисот, како да се подготви план за аплицирање за извесни фондот и уште многу тајни од светот на успешната деловност. Покрај тоа, неговата идеја беше избрана за една од петте најодржливи за што беше награден со неповратен грант од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп. Со тоа Илиески ја поттикна својата амбиција за создавње на пластеници за раноградинаски култури.Од каде идејата да се пријавите за програмата Моја идеја, мој бизнис?
Илиески: Создавање на пластеници за раноградинарски култури веќе подолго време беше моја замисла и желба. Отсекогаш сакав да се занимавам со тоа но идејата никогаш не ја осмислив до крај, можеби недостатокот на финансиски средства беше главната причина за одолговлекувањето. Блиските и пријателите знаеја за оваа моја преокупација и тогаш моја другарка ми го испрати линкот каде што беше објавена програмата. Веднаш се заинтересирав и ги проверив условите неопходни за аплицирање, моите капацитети и ги истражив можностите кои ми се нудеа. Тоа беше мојата шанса и единствена можност што не смеев да ја пропуштам. Кога веќе увидов дека сум класифициран веднаш аплицирав за оваа програма, која што ми даде огромна прилика за себеостварување.
Покрај знаењето за подготовка на проект, што уште научивте од програмата?
Илиески: Самиот проект беше одлично осмислен токму заради фактот што покрај можноста за грант нудеше и едукација, обука, советување и консултации, знаења кои понекогаш се многу повредни. Обуката, односно предавањата во текот на 5 недели беа од голема важност за градење на капацитетите и ефективно подготвување на проектот. Подготвителниот процес беше составен од 5 различни теми, како Клиенти и грижа на клиенти, Клучни партнери, Клучни активности, ресурси, Структура на трошоци, беа основните точки на подготовката. Многу нови работи научив за целиот процес, од идеја до реализација, иако мислев дека знам. Особено им сум благодарен на тимот обучувачи и тимот на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, кои секогаш беа отворени за прашања, дискусија, совети и несебично ги споделуваа своите знаења и искуства.
На што се однесува вашата бизнис идеја и дали веќе почнавте со нејзина примена и имплементација?
Илиески: Првичната идеја ми беше создавање на пластеници за раноградинарски производи односно поконкретно марули. Но, сега после предавањата, се охрабрив и амбицијата ми се зголеми, така што основната бизнис идеја ја проширив на производство на повеќе раноградинарски култури, домати, пиперки, краставици, итн. Всушност тоа е уште една од бенефициите од едукативните модули, размислување пошироко, искористување на постоечките потенцијали до максимум, пресметување на ризикот и негово насочување во позитива. Во моментов, по добивање на грантот од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, јас сум во процес на реализација на мојата идеја и подготовка на самите пластеници. Со еден ваков пристап кон развојот на мали бизнис идеи на локално ниво, што е секако за поздрав, искрено верувам дека многу од моите сограѓани ќе слушнат за моето искуство и самите ќе се охрабрат во реализирање на сопствените идеи. Се надевам и дека проектот Моја Идеја! Мој Бизнис! како и посветеноста на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп на развојотна пелагонискиот регион ќе влијае и врз останатите компании да го следат овој пример.
Како во иднина ќе го развивате бизнисот?
Илиески: Како што напоменав, привичната идеја беше само за производство на марулки, но потоа се прошири и за производство на домати, пиперки, краставици, итн. Со самото тоа, јас почнав да го развивам мојот бизнис. Моите планови за развивање на бизнисот во оваа прва година започнуваат од производство на првите приноси – производи. Со тоа неминовно доаѓа да го постигнам саканиот квалитет, затоа што без тоа секој понатамошен план е бесцелен. Одлучен сум самиот да се вложам максимално, со цело свое знаење, време и средства, затоа што свесен сум дека од тоа зависи целиот бизнис. Планирам постепено да го зголемувам производството и наредната година да поставам барем уште два пластеника. Во почетокот секој профит ќе го вложувам во понатамошен развој и зголемување на производството, а со тоа и пласманот, односно бројот на купувачи. Желба ми е и верувам дека можам во наредниве 5 години, оваа моја идеја да ја претворам во семеен бизнис. Користењето на нови и иновативни методи и техники ќе ми овозможи и поголем развој, квалитет и квантитет. Благодарение на предавањата, имам сознанија за многу примери и мали и големи компании кои следејќи еден ваков развоен пат, стигнале до саканата цел.
Каква порака ќе им испратите на младите за да веруваат во своите соништа, бизнис идејата да им стане реалност?
Илиески: Сите ние млади луѓе имаме големи планови и соништа. Но, многу малку се тие кои што преземаат нешто за да ги исполнат истите. Сакам до сите млади да ја испратам следнава порака: бидете храбри, верувајте во себе и можностите кои ви се нудат. Бидејќи никогаш нема да знаете кога ќе биде вашиот момент и вашата шанса за соништата да станат реалност. Соништата можеби на почетокот ќе бидат големи и недостижни, но со понудена помош, упорна работа и верба во себе, сè можеме и во сè ќе успееме. Вистина дека јас ја имав среќата и предноста да учествувам во проектот на СЕЕД Македонија и Филип Морис Тутунски Комбинат ПрилепМоја Идеја! Мој Бизнис! и со тоа да добијам бесценети знаења и неповратен грант, но верувам дека постојат и други вакви можности.
Од каде идејата да се пријавите за програмата Моја идеја, мој бизнис?
Илиески: Создавање на пластеници за