Кејти Креншо и нејзината ќеркичка постојано налетуваат на погледи и прашања кои изобилуваат со зачуденост, па таа одлучи на светот да му докаже дека нејзината ќерка Чарли е прекрасно девојче и покрај хемангиомот на лицето што го има од раѓање.На прекрасните фотографии на Инстаграм таа не го ретушира лицето на Чарли, ниту пак ја фотографира само од една страна, а на странците коишто се молат да исчезне хемангиомот, таа им препорачува дека е подобро да се молат Чарли да израсне во девојка полна со самодоверба којашто ќе се сака себеси без оглед на тоа како изгледа.
Капиларниот хемангиом или тн. „јагода“, е голем пет до шест сантиметри и оваа промена се случува во раната фаза од бременоста кога васкуларниот систем на бебето почнува да се развива.
Лекарите тврдат дека хемангиомот на Чарли е само естетски проблем и таа зема лекови за превенција на понатамошен раст со што би можел да ѝ се наруши видот.
Но, мама Кејти смета дека нејзината ќерка е убава таква – каква што е и не го крие тоа.
Хемангиомот на лицето е дел од нејзината убавина
„Ова е целото лице на мојата слатка Чарли и не е важно како изгледа. Не мора да ја жалите. Таа е здраво бебе и ние сме благословени. Нејзиниот хемангиом е толку небитен, исто како и дамка на раката. Не мора да го спомнувате и да посакувате да исчезне“ – напишала мајката на својот блог.
Таа додава:
„Тој е дел од нејзината убавина. Можеби никогаш нема да исчезне и не треба! Повеќе би сакала да зборувам за нејзината неверојатна насмевка или нејзините прекрасни очи. Не мора секој пат да зборуваме за нејзиниот хемангиом. Чарли е Чарли и не мора често да ја коментираме, критикуваме или да се распрашуваме за нејзината состојба. Не се лутам поради погледите на луѓето на улица. Разбирам дека во човечковата природа е да се погледне кога нешто е поинакво и поразлично“ .
Мајката додала дека нејзината ќерка не треба никој да ја сожалува, туку дека треба луѓето да бидат посконцентрирани на побитни нешта – Чарли да израсне во среќна девојка.На прекрасните фотографии на Инстаграм таа не го ретушира лицето на Чарли, ниту пак ја фотографира само од една страна, а на странците коишто се мо



