Потресни искуства на жени- на едната детето ѝ починало во стомакот ден пред терминот за породување, а другата имала три вонматерични бремености. Тоа засекогаш ги променило…Голема веселба па неопислива тага, така се чувствувале жените откако дознале дека бременоста не оди како што треба и дека нема да станат мајки. Некои од нив искрено проговориле за своите трауми и какви се мисли скоро секој ден им минувале низ главата .
„Најмногу се плашам мојата ќерка Лилијана да не биде заборавена. Но јас никогаш нема да ја заборавам и сега размислувам за неа како на 9-годишно девојче. Размислувам дека би ја имала првата причест доколку преживееше. Таа почина на 6 јануари 2006 година, два дена пред да се роди. Да родите мртво дете е голема траума“, вели Мари, социјална работничка од Ирска која има 6 биолошки деца и пет посвоени.
Таа имала 45 години кога дознала дека е бремена со Лилиана. Тоа било голем шок за неа бидејќи имала големи деца. Вели дека нешто не е во ред за време на бременоста, но никој не ѝ верувал. Бебето ѝ починало во стомакот ден пред терминот за породување. Минатата година , во време на првата причест, на која би била и нејзината ќерка доколку останела жива, Мари отишла во црква и го замолила свештеникот за дозвола да запали свеќа покра останатите свеќи на децата кои биле причестени. Свештеникот ѝ го дозволил.
„Луѓето ми велеа „Па ќе имаш друго бебе и со него се ќе биде во ред“. Но, тоа никако не може да биде ок за мајка која изгубила бебе“, се сеќава на обидите за тешење на соседите и познаниците.
Сузана Бродиган преживеала дури три вонматерични бремености. Секој пат плачела прашувајќи се зошто баш таа. Четвртата бременост ѝ била страв, но овој пат немало причина за тоа- се родила малата Џој која сега има три години. Сепак, не минува ден а да не се сети на трите бебиња кои ги изгубила. Размислува колку години би имале сега дали биле момчиња или девојчиња, на кого би личеле…
„По вонматеричните бремености повеќе не сте исти. Тоа ме промени како личност. Направив прстен во знак на своите три изгубени бебеиња и постојано го носам. Доколку некогаш го симнам, чувствувам дека нешто ми недостасува.“
Вонматерична бременост значи дека бебето почнало да се развива надвор од матката, главно во јајцеводот, но и во јајникот, грлото на матката или во стомакот, и обично се открива помеѓу петтата и 14-та недела. Таквата бременост е невозможно да се претвори во нормална, односно фетусот не може да се смести во матката. Жените на кои им се случува тоа мораат на хируршки зафат бидејќи постои опасност плодот да се распадне.Голема веселба па неопислива тага, така се чувствувале жените откако дознале дека бременоста не оди како што треба и дека нема да станат мајки. Нек



