Мојата приказна е предупредување за другите жени: Се запознале на Фејсбук, а тој бил привлечен и полн со љубов..

Мајка од Велика Британија која ги напуштила своите деца за да се омажи за многу помлад Арап кој го запознала на интернет, изјавила дека во Тунис поминала две години без скршен денар откако момчето ја оставило…Селина Хинксон (48) го напуштила својот дом во Лондон за да му се придружи на 20- годишниот Низар бен Маброук кого го запознала на Фејсбук. Парот планирал да го напушти Тунис и да се врати во Лондон, но Назир требало да полага испит за државјанство.Но, неколку седмици по венчавката тој паднал на испитот по англиски јазик, па ја напуштил Селина.Без пари и со раскинати семејни врски, мајката на две деца живеела тешко и просела за да преживее. На крајот била депортирана во Лондон, а сега живее во прифатилиште за бездомници.„Мојата приказна служи како предупредување за другите жени кои запознаваат многу млади странци. Тие луѓе е толку добри кога се додворуваат, се чувствувате како единствена жена на светот. Во реалноста, тие ве користат за да заминат од својата земја. Како што вели старата изрека – доколку изгледа како премногу добро за да биде вистинито, тогаш веројатно и не е. Моите деца беа премногу мали за да сфатат зошто нивната мајка не е со нив . Вината и чувството на загуба ме мачат секој ден.“Селина за прв пат разговарала со Низар на Фејсбук во 2010 година. Таа тогаш мала 44 години, двојно постара од него, како и две деца.„На почетокот мислев дека е само забава, пораките беа мили и слатки, без аресивност. Неговит англиски не беше добар. Му зборував за својата работа, за отворање бутуик и интернет кафе.“Се надевала дека Назир е вистинскиот маж за неа иако сестра ѝ ја предупредила за него. Но Селина тврди дека не забележала знаци дека тој само сака да ја искористи.„Тој никогаш не бараше пари од мене. Ми праќаше подароци, цвеќе или облека за својата продавница. Никогаш не се посомневав.“Како што растеле нејзините чувства, почнале редовно да разговараат по телефон и тој ѝ открил дека со задоволство би се оженил со неа.„Ме запросуваше секогаш кога разговаравме. Бев поласкана бидејќи беше прекрасен. Но јас се смеев- имав работа, деца и живот во Велика Британија. Како тоа да го средиме?“Но, во септември 2010 година. Назир ја поканил да дојде со децата кај него во Тунис и платил за нивното сместување. Таа била на боледување, па одлучила дека е време да се запознаат.„Патувањето беше прекрасно. Се чувствував толку поврзано со него, како да се познаваме цел живот. Не беше важно што е толку млад, беше привлечен, секси, страствен и полн со љубов.“Во декември 2010, таа ги оставла децата кај сестрата и се вратила во Тунис. Но нивниот план заедно да се вратат во Лондон пропаднал кога Назир паднал на тестот по англиси јазик. Потоа неговото однесување со променило.

„Неговиот англиски не беше добар, но се надевав дека ќе помине. Кога падна, неговото расположение се промени. Стана агресивен и неподнослив.“Потоа Назир заминал во војска.Селина немала пари да ја побара својата сестра, ниту пак можела да се јави на работа. Откако замиал Назир, станала бездомничка. Преплашена и сама, спиела на плажа неколку седмици.На почетокот на март 2011 година успеала да конактира со британската амбасада. Но ѝ рекле дека нејзиниот брак е валиден и ја советувале да почека две години за да може да биде депортирана.„Не зборувам ниту арапски ниту француски, па не можев да најдам адвокат ниту работа“.
Некако успеала да стапи во контакт со својата сестра и ја замолила да ѝ купи билет кој чинел 200 фунти, но сестра ѝ била невработена и немала пари да ја плати картата. Го побарала и поранешниот сопруг, но и тој одбил да и помогне.Во месеците кои следеле, спиела на улица. Пиела вода од бунар, а користела јавни тоалети. Секојдневно просела за да има за храна. Во март 2013 година нејзината виза истекла па била депортирана во Велика Британија.Во Лондон се вратила без пари, дом, работа… Нејзиниот син бил осудуван за провала и бил во притвор за млади. Нејзината ќерка одлучила да продолжи да живее со својата тетка.Селина Хинксон (48) го напуштила својот дом во Лондон за да му се придружи на 20- годишниот Низар бен Маброук кого го запознала на Фејсбук. Парот п

Пронајдете не на следниве мрежи: