Мојата разделба…

И така седам до мојот веќе стар татко, и полека го прашувам за деновите минати во 1948 та….Тага го облеала милото му лице, вилицата му се тресе од бес, раскажува, па застанува, а јас внимателно го слушам и прашувам.Е, мила ќерко, тешки години беа тие…ми вели…гласот му трепери…чиниш ќе заплаче…очите му се пресушени…се секава на своите родители, и нивната разделба.
Во 48-тата мислам да беше март месец раскажува, мајка ми и татко ми ме однесоа во селото Желево, велејќи ми дека после три месеци ќе се вратам пак ,тука, во родното место. Се збогуваа со мене, мајка ми силно ме прегрна ,а од очите не престануваа солзи да и течат. Ја прашав,зашто плаче кога јас за три месеци ќе се вратам. Таа ништо не ми одговори,само ми рече да се чувам. Неколку пати се врати да ме прегрне, и секогаш тоа беше се посилно и посилно, како да знаеше дека е последно…
Татко ми ме прегрна и ми рече, синко за брзо ќе се видиме, ти ветувам.
Тргнавме, заминавме, во група, одевме пеш до селото Рула, каде преспавме. Вечерта, на мое големо изненадување дојде татко ми да ме види уште еднаш. Ме погали по лицето и си замина. Јас бев дете,и ништо не разбрав…                                             
Пишува Олга РистескаЕ, мила ќерко, тешки години беа тие…ми вели…гласот му трепери…чиниш ќе заплаче…очите му се пресушени…се секава на своите родители, и нивн

Пронајдете не на следниве мрежи: