„МОЈАТА СЕСТРА е крива за смртта на моите деца, но јас и простив“

Велат смртта на децата е најголемата болка на светот. Колку повеќе боли кога причина за нивната смрт е некој кој ви е подеднакво драг? Може ли да се прости такво нешто?Danielle и Ken Lambert го почувствуваа тоа. Ти ги изгубија своите две деца, а за трагедијата во кои настрадаа крива е нивната блиска и драга личност – Marci Thibault сестрата близначка на Danielle.
 Marci за викенд ги земала Kaleigh (5) и Shane (4) во својот дом во Bellingham (Massachusetts, SAD). Danielle и Ken се поздравиле со своите деца и нивната тетка и им посакале среќен пат.

 Истата ноќ, Danielle порано заминала во кревет. Телефонот заѕвонил околу 22.00 часот. На линија била нејзината 16 годишна внука Arielle.
 „Тетка Danielle? Се јавија од полиција и кажаа дека се случила сообраќајна несреќа. Ја одведоа мама во болница, но ништо не спомнаа за децата. Можеш ли да дојдеш? Се плашам“, вознемирено кажала Ariele.
 Danielle, која работи како медицинска сестра и Ken се облекле набрзина и тргнале кон болницата. Рацете на Danielle се треселе додека се обидувала да воспостави врска со болницата во која се наоѓале нејзините деца.
 „Како ми се децата? Те молам, кажи ми, каква им е состојбата“, исплашено прашувала.
 Медицинската сестра која одговорила на повикот, одолвлекувала неколку минути, но подоцна тивко рекла: „Се плашам дека нивната состојба е лоша“.

Кога стигнале во болницата, докторот ги однел во посебна просторија да разговараат. Вестите воопшто не биле добри. Kaleigh и Shane биле тешко повредени за да можат да ја преживеат сообраќајната несреќа која им се случила на пат кон домот на нивната тетка.
 Но несреќата воопшто не била случајна. Marci намерно го запрела автомобилот во погрешната насока на автопатот. На нив налетале два автомобила. Marci која не била сериозно повредена во несреќата, седела во локва крв на патот и почнала да се прска со неа.
 Marci страдала од депресија и биполарно пореметување, што предизвикало халуцинации и психички слом за време на возењето. Иако нејзиното семејство верувало дека користи лекови последните неколку години, таа воопшто не ги земала и не им кажала дека одамна престанала да ја пие терапијата.
 „Се изгледаше нормално кога дојде во нашиот дом по децата. Но некаде по пат доживеала психички слом“ раскажува Danielle.
 Возачите кои биле на лице место повикале полиција. Тројца службеници ја однеле Marci во болница против нејзина волја.
„Имав три причини поради кои се будев и одев на работа секој ден: Danielle, Kaleigh и Shane. И во еден миг, одеднаш, две од тие причини исчезнаа“, кажува Ken.

 Три месеци после смртта на нивните деца, Danielle одлучила да направи нешто со што би спречила друго семејство да поминува низ истата трагедија низ која поминало нивното семејство. Со помош на својот сопруг, поткренала организација „Keep sound Minds“, која има за цел да ја подигне свеста за менталното здравје. Тие двајца за својата трагедија јавно говорат на предавања и презентации, обидувајќи се да се отстрани стигмата од луѓето кои патат од некои ментални пореметувања.
 „Статистиките на Националната алијанса за душевните болести покажуваат дека една од четири возрасни личности боледува од ментални болести или доживува криза на ментално здравје. Тоа е нешто што нас сите не погодува“, кажува Danielle.

 Шест месеци после смртта на своите деца, Danielle и простува на својата сестра која и била и нејзин најдбар пријател.
„Еден ден се разбудив и сватив дека и Marci исчезна од мојот живот. Ние се правевме заедно. Од кампување, до чување на нашите деца, до долги разговори по телефон. Ми требаше неколку месеци, но и простив. Сватив дека таа не е Marci која ја направила таа ужасна работа. Таа ги сакаше моите деца исто како свои. Крива е менталната болест“, раскажува Danielle.

Иако ги изгубиле своите две деца, четири години покасно Ken и Danielle барем малку успеале повторно да го изградат својот живот. Во 2011 година, ги добиле близначињата Kolten и Sheadon.
 „Тие никогаш нема да ги заменат децата кои ние ги изгубивме. Kaleigh и Shane секогаш ќе бидат наши деца. Но тие ни даваат нов фокус на нашиот живот. Разговаравме со близнаците за тоа што се случило, дури им ги читаме и нивните омилени книги.
Ќе ги сакаме додека сме живи“, низ солзи раскажуваат Ken и Danielle.Danielle и Ken Lambert го почувствуваа тоа. Ти ги изгубија своите две деца, а за трагедијата во кои настрадаа крива е нивната блиска и драга личнос

Пронајдете не на следниве мрежи: