„Мојата сопруга се здебели и од тогаш не можам да ја погледнам“

Се венчале пред пет години, кога таа носела конфекциски број 38. Сепак , набрзо од згодна жена прераснала во буцка, а сопругот отворено говори за тоа  како  поради вишокот килограми на својата сопруга изгубил  желба за секс. Пред да го осудите, прочитајте што има да каже.Авторот на оваа исповед е анонимен, а зборува за проблемот кој го нагризал нивниот брак- неговата сопруга се здебелила и  тоа ги оддалечило- најнапред физички.
Иако се срами поради сето тоа, не може да си  помогне, а апелира на луѓето  да продолжат да се трудат во односите и  да внимаваат  на својот изглед па и поради партнерот.
„Седам тука и се обидувам да го смислам најдобриот начин како да се изразам- бидејќи не постои вистински. Тоа не е нешто  што сакам да го кажам, но  да бидам искрен- морам да го изговорам. Мојата сопруга повеќе не ме привлекува. Не го сакам сексот со неа.
Тоа не е нешто  што луѓето  наоколу  го споделуваат. Знам дека јас не можам, бидејќи  се чувствувам како  да сум ја издал, а тоа е последната работа која сакам да ја напрвам.
Таа тоа не го заслужува. Таа е добра жена, прекрасна. Подобра личност од мене.
Но, повеќе не ме привлекува. Ја сакам нејзината насмевка, нејзината топлина и мудрост, нејзиниот карактер. Но, мислам дека почнувам да ја сакам како  што би  сакал сестра, а тоа е ужасно, посебно за нејзе.
Можеби да бевме во брак 20 години тоа би било поразбирливо и поприфатливо, но  се земавме пред само пет години, таа е во средните 30-ти, јас во доцните.

 
Знам дека причината поради  која таа повеќе не ме привлекува е ужасна, и  не постои добар  начин да се каже тоа. Мојата сопруга е дебела.
Ја гледам и не можам а да не го забележам нејзиниот подбрадок, Бог знае дека се обидов, но  за мене тоа е како  црна дамка на бела маица, не можам да го игнорирам, таму е.
За само три години таа од жена  со средна градба и конфекциски број 38 стигна до 48, а на видик нема никаква можна промена.  Да, постои причина за тоа, никој не сака намерно да се здебели. Но, ми се чини дека вистинската причина исчезна, сега ситуацијата е: „кој е постар, кокошката или јајцето“- мојата сопруга се здебели бидејќи почна да пие.
А пие бидејќи  е несреќна. А сега е несреќна затоа што  е дебела.
Не сум без вина во оваа ситуација, сигурно сум допринел  за нејзината несреќа, а главната причина за нејзината депресија зависи од надворешните фактори- работа, семејство и пријатели- за тоа може да се напише есеј.

Но, која е поентата  за анализа на сето тоа, во кој момент доаѓа до сознание  по погледот во огледало- „дебела сум и ќе го сменам тоа“?
Всушност, не само  да си  кажеш себе си дека ќе се промениш, туку да го прмениш тоа, да почнеш и да се држиш до одлуката.
Испроба милион диети, тертана и разни режими- ниту еден  подолго од недела две. Сето тоа е тешко, вели, и сигурен сум  дета е тоа така, но изгледа дека нема лесен начин.
Дали  убавината навистина е исклучиво од внатре? Дали  сум јас толку плиток и површен или  само сум човек? Скокам од една на друга мисла веќе цела вечност
Зарем во партнерските односи не постои непишано правило дека партнерите мораат да се трудат  да  останат  привлечни  едени  за други?

 
Не ме привлекува мојата сопруга  и  нашиот брак трпи поради тоа, бидејќи нема оган, едвај се гледа пламенче.
Таа знае како  се чувствувам, иако  секако никогаш не сум ѝ го кажал тоа. Мислам, како  би можел воопшто   такво нешто  да изговорам? Но, таа го  чувствува тоа.
Таа може да го види тоа во начинот на  кој ја гледам. Таа може да го прочита  тоа од нашиот нарушен, едвај постоечки  сексуален живот. Може да го  слушне тоа во зборовите кои не ги изговараме, да го почувствува тоа во празните бакнежи и прегратки. Како  да станавме асексуални. Премлади сме за тоа.
Сакам да ослабе, не можам да го променам начинот на работи мојот мозок. Сакам мојата сопруга да биде здрава, самодоверлива и среќна, да биде горда на својот изглед. И не ми  е галје колку површно  звучи ова. Се мразам себе си поради ова што  го чувствувам, поради тоа што не сум поголем човек.

Се мразам себе си поради тоа што  дозволив да дојде до ова. Таа заслужува подобро од ова. Би сакал да бидам оној маж за кого се омажи. Но не сум, јас сум човек кого не го привлекува неговата жена. Само можам  да се надевам дека  ќе пронајдам сила и дека ќе се зближиме еден со друг, доколку  сето ова не не доведе до развод.Авторот на оваа исповед е анонимен, а зборува за проблемот кој го нагризал нивниот брак- неговата сопруга се здебелила и  тоа ги оддалечило- н

Пронајдете не на следниве мрежи: