Мојата вистинска приказна: Децата прогонети доживеаја голема голгота, неправда, но и ние нивните потомци сме сведоци на последиците од таа голгота

Судбината наша егејска е многу жална и тешка…која сеуште ја носиме со себе и во себе.Јас иако не сум од децата кои беа протерани Од Егејскиот дел на Македонија,јас сум керка на  родители кои како мали деца беа протерани од егејскит дел.Значи јас сум нивен потомок,и сведок на нивната секојдневна болка,која сеуште ја носат во себе.Сакам низ кратки црти,да ви раскажам дел од нивниот живот.Татко ми кога го протераа,беше во детскиот дом во Тулгеш-Романија,а мајка ми во Полска-Згожелец.Јас сум родена во Чешка Република.Кога имав осум години се преселивме да живееме овде во Македонија.
Следната година почина мојот дедо,по мајка ми,и кога мајка ми отиде на граница молејки да ја пуштат на погреб на својот татко,клетите Грци и рекоа-жив не го виде,нема ни мртов да го видиш–ете тоа беше нивниот одговор.Мајка ми со скршено срце се врати дома,а солзите не и запираа.Бев мала,ама чувствував толку голем бес,омраза,тешејки ја мојата мајка и велев-не плачи мамо,еден ден ке им се осветам.После долги години можеа да дојдат сестрите и браката на мајка ми да се видат-после долги 40 години.Не можам да ви ја опишам средбата,нити да ја заборавам…плач,лелек,прегратки….нешто што не може да се опише со зборови…Прв пат во животот осетив што е тетка,вујко,брачед,брачеда,,,тоа чувство ми изгледаше чудно,туго…
За прв пат кога ме пуштија да одам во родното место на моите родители,јас скокав од радост…кога патував се восхитував на убавото поле…буквално на све што гледав.Бев пресрекна…мегу своите,кај корените мои.Броени денови,брзо врват,и верувајте од Костур до Охрид не престанав да плачам.Кога одев татко ми ми рече да го купам најубавото цвеке за гробот на неговите родители кои на свиреп начин беа убиени во Граганската војна.Јас му обекав дека ке го купам најубавото  цвеке.Али за зал моите баб и дедо немаа гроб,зашто клетите Грци откако ги искасапиле,ги фрлиле во реката.Леле си реков-како ли ке му кажам на татко ми…али вистината мора даа се кажи.Кога собрав храброст,му кажав,а мојот татко молчејки се повлече во другата соба и неколку дена ништо не зборуваше.Дојде денот кога и моите родители ги пуштија да одам дома….тоа беше најтрогателниот ден во мојот живот…пак плач,лелек,солзи ми навираат сеуште кога си споменувам…знаете колку е тешко да одиш во своето село,куката срушена,пустош,а ти само поминуваш и заминуваш.нема ништо  потешко о тоа…не се опишува,само се доживува.Драги мои,ви раскажав само дел од судбината наша,ке ви пишувам уште,и сакам едно да запаметете- децата прогонети доживеаја голема голгота,неправда,но и ние нивните потомци индиректно сме сведоци на сите последици од таа голгота.
Пишува: Олга РистескаСакам низ кратки црти,да ви раскажам дел од нивниот живот.Татко ми кога го протераа,беше во детскиот дом во Тулгеш-Романија,а мајка ми во

Пронајдете не на следниве мрежи: