Алвин ми почина во раце. Тој сакаше нешто да ми каже, но не можеше.Загреб: Мојот Алвин ми почина во раце, сакаше нешто да ми каже, но не можеше. За него би го дала целиот свој живот. Со него поминав низ се. Ќе отидам и јас горе, па кога не можевме да живееме во реалноста, таму сигурно ќе бидеме заедно, напишала Викторија Јакуш-Мејарец на својот facebook профил, и додала дека тој не починал, дека е жив и само спие.
Да потсетиме, се верува дека се убиени Алвин Хорватиќ (23) и Дејан Вучковиќ (20), кои беа во врска со Викторија пред Бошко Шапиќ (21), кој е осомничен за нивното убиство. Шапиќ денес е приведен на судење во Карловац, под сомнение дека на 2 ноември извршил двојно убиство во Војишници.
Вики раскажува језиви случувања кои му претходеле на убиството. Алвин, претходните денови и напишал на Викторија на нејзиниот фејсбук профил „Мојата убава трудница“, се уште не се знае колку е тоа точно, инаку еден час пред убиството Викторија се допишувала со Бошко на фејсбук. На нејзиниот статус кој го објавила во 21:22 во саботата „Не сум пијана, знам што сакам“ Бошко и одговорил „после толку блекови не сум толку сигурен“.
А бамбус? Го коригирала таа, па продолжиле со конверзацијата кој е всушност пијан.
Нејзината тетка Јасна, во овие моменти и е најголема поддршка.
Ова е голема трагедија за четирите семејства, Вики е во лоша состојба,на инфузија. Тешко го поднесува притисокот. Луѓето ја навредуваат, ја нарекуваат убиец. Не знаеме како да и помогнеме, да се смири. Сепак Алвин и умре на раце. Сочувствуваме со семејствата на починатите. Мора да се биде способен да се справи со оваа болка.
На обвиненијата и навредите, Викторија им вратила „Само вие обвинувајте ме, тој ми почина во раце,на никој друг туку на мене. Не сте биле таму и не знаете ништо. Само тој ми беше се, покојниот Алвин. Три години бев со него во врска и ми е прв дечко, никој не знае како се чувствувам. Пробав се да се спречи,но беше посилно од мене“.Загреб: Мојот Алвин ми почина во раце, сакаше нешто да ми каже, но не можеше. За него би го дала целиот свој живот. Со него поминав низ се. Ќе отид