TLC во новиот серијал „Мојот дебел живот“, не запознава со луѓе кои имаат премногу килограми и нивната борба со дебелината. Нивното здравје е загрозено до степен што се на работ на смртта бидејќи тежат преку 270 килограми. Со поддршка на експертите и TLC, цел им е за една година да изгубат и до 100 килограми.Секоја епизода ни носи интересна приказна за личности кој се решаваат дури и за хируршко смалување на желудникот, само за да си го спасат животот и еднаш засекогаш работите да тргнат на подобро. Гледачите ќе имаат шанса да следат осум личности, кој започнале психичко, емоционално и исцрпувачко патување кое трае една година.
Секоја едночасовна епизода, опфаќа една година од нивниот живот, каде поради тежината се неподвижни и генерално зависат од другите за наједноставните секојдневни обврски и потреби, како одење, возење или одржување на личната хигиена. Во обидот да стекнат самостојност, овие индивидуи, ќе мора да се соочат со сопствените демони и со реакциите, како негативни така и позитивни од најблиското опкружување.
Патот на трансформацијата во серијалот го надминува моментот само да се изгубат килограмите, па така ни раскажува и приказна за ставот, болката, ранливоста, победата и гордоста. Проследете ја првата епизода во петок од 20 часот. Секоја следна, нова епизода секој петок во истиот термин.
Секоја епизода ни носи интересна приказна за личности кој се решаваат дури и за хируршко смалување на желудникот, само за да си го спасат животот и