Мојот голем дебел прекрасен живот – премиерно на TLC

Во серијалот „Мојот голем дебел прекрасен живот“, ја следиме Витни Тор која е симпатична млада жена, полна со позитивна енергија, висока малку повеќе од 150 сантиметри, а тешка е неверојатни 172 килограми.Не многу одамна, Витни била витка танчарка, со едвај 50 килограми, но откако ѝ биле дијагностицирани полицистични јајници, во рок од девет месеци се здебелила повеќе од 45 килограми.
Подоцна, поради болеста, продолжила да ја зголемува тежината. Меѓутоа, откако на интернет беше објавена снимка од нејзиниот настап, насловен „Дебелата девојка танцува“, таа преку ноќ стана вистинска сензација, а популарноста од корен ѝ го смени животот.
Витни најпрво почнала да објавува видеозаписи на Јутјуб, насловени „Дебелата девојка танцува“ (А fat girl dancing), па откако ѝ стигнале купишта позитивни коментари, сфатила колку е важно тоа што станала гласноговорничка на дебелите жени што сѐ уште се срамат од својот изглед.
Со новиот поглед на светот, Витни решава да смени сѐ во својот живот: сега излегува повеќе од кога било, редовно танцува, наспроти прекумерната тежина и се обидува да се пробие во светот во кој луѓето се третираат во зависност од килограмите.
Проследете ја првата епизода на TLC каналот од 20 часот на 3 мај.
Не многу одамна, Витни била витка танчарка, со едвај 50 килограми, но откако ѝ биле дијагностицирани полицистични јајници, во рок од девет месеци с

Пронајдете не на следниве мрежи: