Марина Пирсон е блогерка која повремено пипшува текстови на сајтот „Your Tango“. Овој пат напишала текст за тоа поради што го изневерила сопругот. Во него потполно отворено пишува како се чувствувала тогаш, а како се чувствува сега.„Како можеше да ми го направиш тоа, нам? Кој си ти и со кого јас се оженив?“, велеше мојот сопруг со солзи во очите кога дозна дека имам афера. Сето време јас стоев пред него и се тресев, во шок, без зборови и без идеја што да направам.
Јас го изневерив.
Сега кога размислувам за тоа сфаќам што и да кажев во тој момент немаше да го смири. Неговата љубов кон мене се претвори во презир и омраза- во неговите очи станав чудовиште. Кога нашиот брак заврши, низ главата одново и одново прелетуваа прашањата: Зошто? Зошто го изневерив? Зошто му направив такво нешто на човекот кој беше внимателен, забавен и дарежлив? Никогаш не ми направи ништо лошо.
Доколку ме осудувате додека го читате ова, разбирам. Тоа е во човековата природа. Но верувајте ми никој не ме осудуваше толку колку што се осудував себе си. Иако на крај се испадна како што треба, не би го повторила тоа. Но сега потполно разбирам зошто жените изневеруваат. За жал, и мојот поранешен маж сега го разбира тоа.
По многу размислување, конечно разбрав што ме наведе да го изневерам:
потрага по лажна среќа
Во времето кога го изневерив сопругот среќата ја барав во надворешните работи, па избегав во фантазиите дека сите мажи на светот постојат за да ме усреќат мене. Верувам дека сум го мислела тоа затоа што не сум била среќна во бракот со својот поранешен сопруг и дека некој на сребрена чинија ќе ми ја донесе среќата. Тоа го можеше некој друг зарем не? Не, тоа не е вистина и никогаш нема да биде. Всушност сето тоа што се случи поврзано со аферата уште повеќе ме збуни и ме направи уште понесреќна.
Лекција која ја научив: Сега кога спаѓам во групата на жени кои го изневериле својот сопруг знам дека со нверството бегав од себе и дека самата сум одговорна за својата среќа и исполнетост. Мојата среќа не е ничија друга обврска, освен моја.
Наместо да проговорам, се криев
искрено верував дека бев лоша личност бидејќи мојот сопруг повеќе не ме привлекува. А не можев да му кажам дека не ми е сексуално привлечен. Наместо да бидам искрена, станав „лоша личност“ и го изневерив. Но повторно молчев, бидејќи мислев дека никој повеќе нема да ме сака како што ме сакаше тој.
Лекцијата која ја научив: Сега сфаќам дека сопствените уверувања можат да не наведат на глупави постапки. Нашите уверувања се одговорни за нашето однесување. Сега поработив на себе и повторно сум во среќна врска.
Мојата потреба не беше погрешна, но моите постапки беа
Во времето кога имав афера, страста во мојата врска беше мртва. Сакав сопругот да ме посакува, да му биде важно и да се потруди. Но нашата врска западна во секојдневна рутина, во неа немаше возбудување. Сакав да се ослободам од тоа, па одлучив да постапам себично- да го изневерам.
Сега знам дека мојата потрага по страст надвор од мојата врска беше краткотрајно решение и дека тоа е така во сите случаи. Ќе беше подобро да работев на зачувување на она што го имав со поранешниот сопруг.
Иако имам море од изговори, мојата афера беше себично дело. Јас прва го признавам тоа. Имав можност за избор, но одлучив да тргнам по тој пат сигурна дека решението е во афера.
Затоа на сите жени кои се на чекор да му го сторат тоа на својот партнер ги советувам добро да размислат што ќе добијат од тоа. Доколку сте во потрага по среќа, јас ви гарантирам дека нема да ја најдете бидејќи таа се наоѓа во вас.
Денес не ми е жал поради она што го направив, туку само поради болката која ја предизвикав. Мојот сопруг со раводот ми го даде најдобриот подарок кој некој може да ви го даде- прилика конечно да ја пронајдам среќата која се креила во мене.
„Како можеше да ми го направиш тоа, нам? Кој си ти и со кого јас се оженив?“, велеше мојот сопруг со солзи во очите кога дозна дека има



