Македонскиот ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски преку социјалната мрежа Фејсбук кажа „Стоп“ за уништувањето бидејќи како што вели тоа не е неговата Македонија која ја претставува целата кариера.-Нема поголема чест да се промовира татковината, нема посилно чувство од тоа да се придонесува за својата земја. Македонија е мала земја, но со големо срце. Како репрезентативец секогаш сум играл со цело срце за мојата земја. Секој спортски успех, на било кој спортист претставува заеднички успех, мој, твој, на твојот сосед и роднина. Заеднички. Портата Македонија ги обединува сите спортски успеси. Таму е релјефот на илинденците, партизаните, децата бегалци, таму е светото сонце по кое нас Македонците не препознаваат во светот. Сквернавењето, боењето, уништувањето на сето тоа значи газење на почита кон сите оние кои се значајни за оваа држава, крвта и потта на партиотите, трудот на спортистите, заедничките успеси. Стоп за уништувањето. Тоа не е мојата Македонија, која ја претставувам целата моја кариера, пишува Мојсоски на Фејсбук.
-Нема поголема чест да се промовира татковината, нема посилно чувство од тоа да се придонесува за својата земја. Македонија е мала земја, но со гол
Пронајдете не на следниве мрежи: