Во интервју за српски „Мондо“, капитенот на македонскиот ракометен вицепрвак Металург, репрезентативецот Наумче Мојсовски, откри дека неговата љубов спрема белградски Партизан никогаш нема да згасне и дека црно-белата боја и тој се во нераскинлива врска.Наумче Мојсовски дури соопшти и многу интересни детали околу својата љубов спрема Партизан, а тоа е дека знаел да глуми дека е повреден само за да биде ослободен и да патува во Белград за да го бодри омилениот тим.
„Кога и да ми се укаже шанса, одам да го бодрам Партизан. Многу често сум во Белград. Оваа година имавме подготовки на Златибор, јас инсценирав дека сум повреден само за да одам во Белград, демек на прегледи, а главната причина беше 'вечното дерби'. По мене на Златибор дојдоа моите другари од Скопје и заедно отидовме во Белград. Инаку, малку-малку, одам кај докторката Маријана”, вели Наумче.
Тој беше во центарот на вниманието пред мечот Вардар-Металург, кога Вардаровите навивачи ја „открија“ снимката на која се гледа Мојсовски како го бодри Партизан на дуелот со Фенербахче. На дербито Комити истакнаа и парола, но тоа само уште повеќе го мотивираше средниот бек на Металург.
„Навивачите на нашиот ривал ја искористија таа снимка за да направат притисок врз мене. Подготвија и парола, но тоа имаше контраефект”, објаснува македонскиот репрезентативец.
„Не е тајна дека навивам за Партизан. Тоа е моја семејна традиција и од кога знам за себе, црно-белата боја ми е во срцето. Првпат бев на мечот Партизан-Црвена звезда во 1987 година, не паметам како заврши дуелот, но оттогаш се создаде нераскинлива врска”, раскажа Наумче.
Тој на српската јавност ѝ објасни дека младите генерации во Македонија не можат да разберат дека има луѓе што навиваат за клубови надвор од границите на својата држава.
„Новите генерации тоа не го разбираат. Јас израснав во поранешната држава, имав избор да се определам и сметам дека е нормално што навивам за Партизан. Во Македонија многу навивачи на Црвена звезда, Хајдук, Партизан.. Поголем дел скопјани се за Ц. звезда, а битолчани се поголеми партизановци. Навивачите што се бунат не можат да сфатат како тоа го поддржуваме Партизан кога Гробари истакнаа парола „Косово е Србија – Македонија е грчка“, вели Мојсковски, кој потврдил дека е кум со еден од водачите на Гробари и дека ќе оди повторно да го бодри Партизан веќе на 19 декември, кога во Белград гостува ЦСКА.
На крајот тој го откри и својот сон од детството.
„Сонот е да одиграм барем една сезона во дресот на Партизан. Тоа би го направил за без пари, за џабе“, сооопшти Мојсовски, кој додаде и дека во Металург има свој „ривал“, а тоа е Ванчо Димовски, кој бил голем „звездаш“ и ги бодрел црвено-белите кошаркари на дуелот со Панатинаикос, а ден подоцна бил и на фудбалското „вечно дерби“.Наумче Мојсовски дури соопшти и многу интересни детали околу својата љубов спрема Партизан, а тоа е дека знаел да глуми дека е повреден само за да