МОЌЕН ГЕСТ: РУСИЈА и` поклони КУЧЕНЦЕ на ФРАНЦИЈА!

Поклонот на руските колеги – полицајци до француските колеги е многу симболичен, моќен и исклучителен гест, изјави министерот за внатрешни работи на Франција, Бернард Казнев.Поклонот на руските колеги – полицајци до француските колеги е многу симболичен, моќен и исклучителен гест, изјави министерот за внатрешни работи на Франција, Бернард Казнев.
Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казнев го прифати поклонот од руските колеги – кутрето Добриња, кој ќе го замени службеното куче Дизела, што беше убиено во текот на специјалната операција во Париз.
Како што пренесува Паризјен, вчера Казнев прати писмо до руските колеги во кое ги известил дека ќе го примат поклонот.
„Поклонот од руските колеги – полицајци до француските колеги, кој ќе го замени полициското куче Дизела е многу симболичен, моќен и исклучителен гест од нивна страна. Лично ова многу ме допре и ве уверувам дека за тоа кученце ќе се создадат подобри услови“, напиша Казнев.
Во писмото не пишува кога Добриња ќе стигне во Париз и дали ќе биде предадена на тренерот на Дизела. Пред да отпатува кученцето треба да помине низ медицински прегледи и некое извесно време да биде во карантин, а потоа, кога ќе стигне во Франција,  да се навикне на новата земја и да ги научи командите на новиот јазик.
Извор: sputniknews.comПоклонот на руските колеги – полицајци до француските колеги е многу симболичен, моќен и исклучителен гест, изјави министерот за внатрешни ра

Пронајдете не на следниве мрежи: