– Премиера на GTI митингот во Вуртерзе: концепт автомобил со 2,5 TFSI мотор со и електричен biturbo
– 441 kW (600 КС) и 650 Nm, од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди
– Раководителот на одделот за развој д-р Хакенберг изјави: „технологија која е многу блиску до сериско производство“.Богата дополнителна опрема, совршен спојлер во задниот дел и моќност од 441 kW (600 КС) – Audi TT Clubsport Turbo импресионира со својата моќ и дизајн. Минатиот месец, Audi ја претстави својата нова концепт технологија на GTI митингот на брегот на езерото Вуртерзе. Инспирација за концепт автомобилот произлезе од успешниот Audi 90 IMSA GTO од доцните 1980-ти. Новата технологија за прв пат беше поставена под хаубата. Електричниот biturbo го прави возачкото искуство многу подинамично со помош на својата спонтана реакција.
„Електричниот biturbo означува нова димензија во уживањето при возењето со експлозивен спринт, вртежен момент и голема моќ“, изјави д-р Улрих Хакенберк, раководителот на одделот за технички развој во Audi.
Audi TT Clubsport Turbo има голема моќ благодарение на 2.5 TFSI моторот кој прикажува импресивни податоци. Со 2480 кубни сантиметри пет цилиндричниот мотор произведува 441 kW (600 КС) и 650 Nm вртежен момент, кој се добива помеѓу 3.000 и 7.000 вртежи во минута. Ова значи дека произведува 176 kW (240 кс) односно 260 Nm со еден литар работна зафатнина. Големата моќ се пренесува преку мануелниот менувач со шест брзини.
Благодарение на лесниот дизајн, ТТ Clubsport Turbo тежи само 1.396 килограми. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,6 секунди, а максималната брзина изнесува 310 km/h. Turbo ТТ Clubsport се здобива со значителна предност во првите неколку метри. Електричниот компресорот овозможува да се поминат првите 16 метри за 2,5 секунди – што е шест метри повеќе во споредба со истото возило без оваа иновација.Богата дополнителна опрема, совршен спојлер во задниот дел и моќност од 441 kW (600 КС) – Audi TT Clubsport Turbo импресионира со својата моќ и диз