Секој петти човек постар од 50 години има болки во колената како последица од артритис, жените тоа го отскокнуваат со пиењето на една чаша полумасно млеко на ден.Жените кои често чувствуваат болка во колената како последица на артритис треба секој ден да пијат чаша со полумасно млеко, советуваат стручњаците од америчката болница Биргхам во Бостон.
Според нив секојдневното пиење на млекото делува како превенција од болки или симптоми на артритис и го подобрува здравјето на коските.
Јогуртот, сирењето и другите млечни производи ги немаат истите добробити во превенција на остеоартритисот, известуваат познавачите и предупредуваат дека јадењето на сирење може и да ги влоши истите симптоми. Исто така заклучиле дека секојдневното пиење на млеко нема никаков ефект за смалувањето на болките во колената кај мажите.
Остеоартритисот е најчестиот предизвикувач на болките во зглобовите и коските кај луѓето во „средните“ години а секој петти човек постар од 50 години или постари од 80 години имаат хронични болести во колената како резултат на артритис.
Жените кои често чувствуваат болка во колената како последица на артритис треба секој ден да пијат чаша со полумасно млеко, советуваат стручњаците



