МОЌТА НА ПРОСТУВАЊЕТО: Го гушнала човекот кој ја убил нејзината ќерка и го оставила целиот свет без текст!

Мајката, која пред две години ја загубила ќеркичката кога на неа со автомобил налетал старец од 88 години, на сите им ја покажа моќта на простувањето.Аманда Хамфри од Канзас Сити, со сопствени очи видела кога автомобилот со кој управувал Луис Грејс, ја покоси нејзината Отем, која за неколку недели требала да наполни година дена.
За време на овогодинешната празнична служба во баптистичката црква во Северен Канзас Сити, Аманда се потсетила на трагедијата и им зборувала на присутните за простувањето, по што се вратила на место и ги шокирала присутните кога го гушнала човекот кој ѝ ја убил ќерката.
Според пишувањето на весникот „Канзас сити стар“, несреќата се случила во септември 2012 година, на паркингот пред црквата. Старецот по грешка стапнал на педалот за гас и удрил во девојчето, која била со нејзините баба и дедо.
„Секојдневно ја доживуваме трагедијата во нашите мисли , тоа е нашиот крст“, објаснила Аманда.
Веднаш откако била примена во болница, на Отем ѝ била констатирана смрт. Светот им се урнал на Аманда и на нејзиниот сопруг.
Веќе на погребот, недела дена подоцна, Аманда барала да го види Луис. Го гушнала очајниот човек и го прашала дали тој и неговата сопруга би сакале да седнат покрај нив.
„Сакав да сфати дека ние навистина му простивме и дека сакаме да биде дел од овој процес. Да жали заедно со нас и да знае дека тоа е сосема во ред“, рекла таа.
Аманда вели дека молитвите им помогнале на неа и нејзиниот сопруг да ја пребродат маката, но и раѓањето на синот Томи, на 12 август 2013 година – што за нив претставувал вистински благослов.
По говорот во црквата, Аманда му пришла на Луис и дури му дозволила да го чува нивниот син Томи во скут.
„Без оглед на тоа дали сакате да му простите некому за тоа што ви го уништил автомобилот или украл велосипедот, обично однапред смислувате како ќе го сторите тоа“, рекла Аманда. „Но, понекогаш само од себе ќе си дојде. Бог знае да се вмеша кога најмалку очекувате. Тој наоѓа начин да влијае врз нашите мисли, а ние воопшто да не сме свесни за тоа.“Аманда Хамфри од Канзас Сити, со сопствени очи видела кога автомобилот со кој управувал Луис Грејс, ја покоси нејзината Отем, која за неколку недел

Пронајдете не на следниве мрежи: