Молба на татко кој за малку ќе ја изгубел ќеркичката: Измијте ги рацете пред да ги допрете бебињата!

Еден татко, кој за малку ќе ја изгубел ќеркичката, преку социјалните мрежи ги предупреди останатите родители секогаш да ги измијат рацете пред да ги допираат бебињата и кои се можните последици.Таткото на социјалната мрежа Имгур ја раскажал приказната за неговата ќеркичка како предупредување за другите родители. Пред четири недели, неговата ќеркичка била примена во болница со вирусен менингитис.
Случајот не бил сериозен и таа закрепнала по неколку дена.
Сега се бори со РСВ, респираторен синцициски вирус. Кај возрасните луѓе и постарите деца овој вирус предизвикува симптоми слични на настинка, но проблемот настанува кога ќе го добијат предвремено родени деца, како и деца со белодробни и срцеви проблеми кои ќе го добијат во раното детство.
Тогаш може да се развие тежок облик на болеста, бидејќи бебињата сѐ уште немаат целосно развиени бели дробови.
Таткото во објавата напишал дека морале да ја однесат ќерката во детска болница. Кога тимот педијатри дошле по неа, таа била клинички мртва и морале ја оживеат на лице место. Веднаш била приклучена на апарати за дишење. Ѝ бил дијагностициран РСВ, тежок облик на воспаление на белите дробови, грип, бронхитис.
РСВ лесно се пренесува преку физички контакт како што се бакнеж и допир, како и преку контакт со контаминирани играчки, цуцли, шишиња.
„Сега со радост можам да кажам дека ѝ е многу подобро. Помина низ многу тешки ситуации претходната недела и горд сум што можам да ја наречам своја ќерка. РСВ не е шега. Не знаев многу за овој вирус сѐ додека скоро не ја изгубив ќерката. Ве молам, секогаш измијте ги рацете пред контактот со мали деца. И бидете сигурни дека се добро облечени пред да ги изнесете надвор на ладно“ – порачал таткото.Таткото на социјалната мрежа Имгур ја раскажал приказната за неговата ќеркичка како предупредување за другите родители. Пред четири недели, неговат

Пронајдете не на следниве мрежи: