МОЛК НА ЗАПАДОТ: Русите испалија 26 крстосувачки ракети врз Исламската држава на оддалеченост од 1500 километри!

Воените бродови на Касписката флота на Русија, извршија ракетни удари врз целите на терористичката групација Исламска држава, во Сирија. Оваа вест предизвика шок во светската јавност. Русија за прв пат нападна со крстосувачки ракети по реален непријател, кој меѓу другото, се наоѓа на оддалеченост од скоро 1500 километри од местото на испалување на ракетите.Благо кажано, шокот го предизвикаа две причини.
Прво, станува збор за примена на воено-морската флота на Русија кога никој тоа не го очекуваше, бидејќи претходно по Исламската држава удираше борбената авијација на Руската Федерација, којашто е стационирана во сириска Латакија.
Второ, ударот врз терористите го нанесоа бродовите на Касписката флота. Некои воопшто не ни знаеја дека Русија таму воопшто има нешто посериозно од погранични чамци, а други, иако претпоставуваа дека би можело да се случи такво нешто, мислеа дека ударот можел да се нанесе од Средоземното Море, кадешто сега се наоѓа командниот брод на Црноморската флота – Гардиски ракетен крстосувач „Москва“. Што стои зад овој историски настан?
Демонстрација на силата и можностите
Зошто Касписката флота, а не РК „Москва“? Во составот на Касписката флота сега се наоѓаат мали ракетни бродови (МРК) од нова генерација, кои се наоружани со нови ударни ракети од комплексот „Калибар“ и повеќе се ориентирани за дејствување врз копнени цели.

Командниот брод на Касписката флота, ракетниот крстосувач „Дагетсан“ и трите МРК серии 21631 – „Углич“, „Град Свизјажеск“ и „Велики Устјуг“, испалија ракетен плотун од 26 крстосувачки ракети 3М14 врз 11 цели на Исламската држава, кои се наоѓале на оддалеченост од 1500 километри на територијата на Сирија. Порано со таков напад можеа да се пофалат само воените сили на САД.
Според мислењето на воениот експерт Дмитриј Литовкин, со тој плотун, не само што Русија му покажа на светот за што е способна нејзината воено-морска флота, туку им покажа на САД дека нивните радарски системи се неспособни за да го следат овој масовен ракетен напад.
Маршрутата на ракетите минувала преку територијата на Иран, која од сите страни е опколена со американски воени бази.
„Ниту Турција, каде што се наоѓаат американските комплекси `ПВО Патриот`, ниту самите Американци, едноставно не забележаа дека покрај нив поминаа 26 ракети. Тие поминаа низ противвоздушната одбрана на НАТО како меч низ пластичен штит“ – појаснил Литовкин.
Терористите биле гранатирани со ракетите 3М14. Тежината на нивните боеви глави може да изнесува од 250 до 450 килограми, а далечината на летот од 1500 до 2600 километри. Ракетата се базира на системот за крстосувачка ракета со подводно стационирање, која е разработена уште од крајот на осумдесеттите години. Оттогаш значително е модернизирана и сега претставува своевиден образец на современо високотехнолошко оружје.
Погледнете го видеото, кое воедно претставува само дел од презентацијата зошто на Америка ѝ пречи Русија во борбата против ИСИС:
Благо кажано, шокот го предизвикаа две причини.
Прво, станува збор за примена на воено-морската флота на Русија кога никој тоа не го очекув

Пронајдете не на следниве мрежи: