Како што информираат од полицијата, вечера во 22.30 часот во полициската станица во Гази Баба, 48-годишниот К.А. од с.Визбегово – Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на бул.„Александар Македонски“ над неговиот 17 годишен син ученик во СУЦ „8-ми Септември“, му било извршено насилство од страна на повеќе лица.Имено, додека истиот бил на училиште дошле лицата со цел физички да го нападнат неговиот другар, но тој побегнал внатре во училиштето, а неговиот син со уште еден ученик се упатиле кон автобуската станица, каде без повод и причина биле физички нападнати од лицата.
Другиот ученик успеал да побегне, додека лицата продолжиле да го удираат неговиот син со тупаници и клоци по телото и главата и во моментот кога почнал да бега, бил попречен, паднал и се здобил со скршеница на рака, по што лицата побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Имено, додека истиот бил на училиште дошле лицата со цел физички да го нападнат неговиот другар, но тој побегнал внатре во училиштето, а неговиот с