Израелецот Нир Голдшлагер(27) повеќе од 100 пати ја хакирал социјалната мрежа Фејсбук, а за тоа го плаќа истата мрежа.
Пред две години Facebook ја открил својата програма во која независни истражувачи хакери се платени за пронаоѓање на пропустите кои ги има на оваа социјална мрежа.
Имено, идејата била да се охрабрат „добрите момци“ (познати и како „white hat“ хакери) да пронаоѓаат и пријавуваат пропусти, за Фејсбук да ги поправи пред да ги откријат „лошите момци“ („black hat“ хакерите).
Израелецот никогаш не признал колкава сума на пари му исплаќа Фејсбук, но вели дека се работи за голем износ.
Меѓутоа тоа не го работи само поради пари туку и затоа што ја сака оваа социјална мрежа.
-Го користам Фејсбук секој ден, и во мој интерес е оваа мрежа да биде што е можно по сигурна.-вели тој.
Исто така неговата идеја е набрзо да основа своја компанија која ќе биде специјализирана за хакирање на сајтовите на фирмите, за да пронајдат пропусти во безбедноста на истите. За услугите ќе наплаќаат по 200 долари на час.Израелецот Нир Голдшлагер(27) повеќе од 100 пати ја хакирал социјалната мрежа Фејсбук, а за тоа го плаќа истата мрежа.