Американката тврди дека нејзиниот 4-годишен син е избркан од градинката поради нејзината објава на Фејсбук. Ешли Хабот на популарната социјална мрежа ја критикувала приватната градинка Sonshine Christian Academy u Callahanu во Флорида тврдејќи дека родителите не биле навремено информирани за денот кога ќе бидат фотографирани децата.„Зошто секој ден нешто ново не ми се допаѓа ка градинката на Вил? Дали моите стандарди се навистина превисоки или луѓето кои работат таму се навистина неписмени?“
Од градинката следниот ден Ешли била телефонски известена дека нејзиниот син Вил е исфрлен. Во писменото соопштение и навеле дека по пат на социјалните мрежи не само што го довела во прашање интегритетот на градинката туку и интелигенцијата на персоналот.
Хабот не жали поради тоа што го изразила своето мислење, но напоменува дека објавата била објавена само на нејзината приватна страна и дека објавата можеле да ја видат само нејзините пријатели. Но, таа смета дека нејзиниот син не би требало да биде казнет поради нешто што таа напишала.
Упраителот на градинката не сакал да го коментира случајот тврдејќи дека се работи за приватна работа помеѓу установата и родителите.
„Зошто секој ден нешто ново не ми се допаѓа ка градинката на Вил? Дали моите стандарди се навистина превисоки или луѓето кои работат таму се



