Дванаесетгодишно момче од Тенеси креирало уред со кој може да спречи деца да умираат во топол автомобил. Ендру Пелм направил „E-Z Baby Saver“, светла неонска лента која ја составил од салотејп и ластици. Тоа го направил уште минатата година, кога одел во петто одделение.
Овој уред, за кој Ендру добил награда, се прикачува за седиштето на возачот и на внатрешниот дел на рачката на вратата, така што родителите ќе се сетат да погледнат назад при излегување од втомобилот.
Овој производ веднаш бил пофален бидејќи многу лесно се монтира и се состои од работи кои можат да се најдат во било кое домаќинство.
Ендру неодамна добил награда за млад изумител и од тогаш пораснал интересот за него. Како награда добил 500 долари, а парите ги потрошил за лаптоп.
Во 2013 година починале 33 деца од Америка во автомобили од топлина, а досега во 2014 дури 13 фатални случаи.
Ендру Пелм направил „E-Z Baby Saver“, светла неонска лента која ја составил од салотејп и ластици. Тоа го направил уште минатата година



