Момче крвнички избодено во вратот и грбот

Стефан Станковиќ(23) од Ниш се здобил со тешки повреди  опсани по живот кога на улица  тројца непознати напаѓачи  го изболе со нож дури осум пати!Еден од убодите  му го оштетил рбетниот мозок поради што  не ги чувствува нозете, а според првите анализи  на докторите постои можност да остане парализиран.. Нападот се случил на 22 ноември половина час пред полноќ а повреденото момче хитно било префрлено  на Хируршка клиника.
„Стоев со Стефан и разговаравме. Од другата страна на улицата  поминува 6 момчиња. Ни довикуваа:
„Каде сте, смејство“! Ние им отпоздравивме.
Тогаш три момчиња ја преминаа улицата  и дојдоа  до нас. Едниот ми рече: ‘Каде си брате’, и веднаш  се обиде да ме удри. Се извлеков и се обидов да се одбранам, додека другите двајца го соборија Стефан на земја. Го удираа и го шутираа, а еден ме удираше со неговиот велосипед , а кога  ми рече: ‘Бегај да не добиеш и ти нож“,  сфатив дека се  вооружани“, раскажува пријателот на Стефан.
„Ја застанав  патролата на полицијата а таа  веднаш  тргна по напаѓачите. Кога стигнавме до Стефан кој лежеше на земја видов дека сиот е во крв. Не знам зошто не нападнаа, ниту пак ги познаваме, ниту некој од нас не бил претходно во конфликт со некој од нив“.
Саша Станковиќ вели дека неговиот брат се здобил со најмалку  осум убоди, најмногу по грбот.

„Оштетен му е рбетниот мозок , поради што не ги чувствува нозете. Според проценките на докторите, 90 % е веројатноста дека ќе остане парализиран до крајот на животот и дека никогаш повеќе нема да може да застане на нозете“, вели Саша.
Според неофицијалните сознанија, напаѓачите  на Стефан и неговиот пријател биле под дејство на алкохол. Нишката полиија интензивно работи на идентификација и пронаоѓање на напаѓачите.Еден од убодите  му го оштетил рбетниот мозок поради што  не ги чувствува нозете, а според првите анализи  на докторите постои можно

Пронајдете не на следниве мрежи: