Момче ЛАЖЕЛО ДЕКА ОТИШЛО ВО РАЈОТ: Сакав само да привлечам внимание!

„Не починав и не отидов во Рајот. Дотогаш никогаш ја немав прочитано Библијата, а луѓето заработуваа од моите лаги“, рече тој.Алекс Маларки (16), пред десет години доживеа сообраќајна несреќа, по која се наоѓал два месеци во кома. Кога се разбудил, тој ги запрепастил докторите и родителите со приказната дека ангел го кренал на небото и дека се сретнал со Исус и Сатаната.
Неговата приказна беше претворена во книга: „Момчето кое се врати од Рајот“, која ја напишал заедно со татко му Кевин.
Книгата беше објавена во 2010 година и стана популарна.
Момчето, кое по несреќата останало парализирано, денес тврди дека приказната била измислена. Тој рекол дека сакал да го привлече вниманието. Алекс ги обвинува издавачите дека се збогатуваат на негов грб, благодарејќи на продажбата на книгата, а родителите на момчето наведуваат дека немаат никаква корист од продажбата.
„Не починав и не отидов во Рајот. Досега никогаш ја немав прочитано Библијата, а луѓето заработуваа од моите лаги“, рече тој.
Издавачката куќа во меѓувреме ја повлече книгата од продажба.

'The Boy Who Came Back From Heaven' admits he made it all up https://t.co/517v414qyr pic.twitter.com/GsEe3AFGr8
— HuffPost Religion (@HuffPostRelig) January 16, 2015
Алекс Маларки (16), пред десет години доживеа сообраќајна несреќа, по која се наоѓал два месеци во кома. Кога се разбудил, тој ги запрепастил докто

Пронајдете не на следниве мрежи: