Момче од дванаесет години признало дека ги хакирал владините веб-сајтови!

Дванаесет годишно момче се изјаснило за виновен, за хакирање на неколку владини веб сајтови во име на групата „Anonimus“. Сајбер нападите не биле политички мотивирани, и момчето потврдува дека ова кривично дело е сторено во замена за видео игра. Детето во четвртокот, за време на судењето било придружуван од неговиот татко. Признал дека упаднал на сајтовите на полицијата на Монтреал, Институтот за јавно здравје на Квебек и Владата на Чиле, и дека по тој повод ги блокирал наведените страни. Блокадата траела два дена. Според зборовите на адвокатот на детето, тоа претставувало само предизвик за дванаесетгодишниот.
Полицијата утврдила штета од 60.000 долари. Меѓутоа, деталниот извештај и сторената штета ќе бидат проследени на суд следниот месец, кога ќе биде проследена пресудата.
Малиот хакер, чие име не може да биде објавено, изјавил дека со хакирање се бави уште од деветтата година. Лесно е да се хакира, но немојте да претерувате зошто брзо ќе ве пронајдат и фатат, изјавил малиот хакер.Сајбер нападите не биле политички мотивирани, и момчето потврдува дека ова кривично дело е сторено во замена за видео

Пронајдете не на следниве мрежи: