четврток, 12 ноември 2026
Најново

Момче прободено на автобуска станица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчеравечер околу 21.00 часот во Скопје, на автобуската постојка кај комплекс „Треска“ Д.И. (19) од Скопје заедно со двајца другари слегле од автобус бр 19.Од истиот автобус слегле и други четири непознати лица, кои без повод и причина на Д.И. му нанеле две убодни рани со остар предмет во градниот кош и во слабината. Д.И. е однесен во една приватна ординација од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Ургентен центар, каде што  му биле констатирани тешки телесни повреди (пробиена белодробна марамица).
Истиот не е во животна опасност.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.Од истиот автобус слегле и други четири непознати лица, кои без повод и причина на Д.И. му нанеле две убодни рани со остар предмет во градниот кош

Поврзани вести