Момче родено без мозок го изговори првиот збор

Арон Мари (2) роден  е со тешка деформација поради која  нема голем дел од мозокот. Докторите не му давале шанси  да прешивее, а тој сега и зборува.За секоја мајка најубаво е чувството кога   ќе го слушне првиот збор од своето бебе. За Ема Мари од Шкотска тој момент  бил неизвесен и не верувала дека некогаш  ќе го слушне. Кога нејзиното  двегодишно синче Арон рекол „мама“, тоа  било еднакво на чудо. Инаку, момчето е родено без голем дел од мозокот и има само мал дел кој управува  со функциите за дишење и движење.
Само неколку минути по раѓањето на на Арон во 2013, докторите ѝ соопштиле на Ема дека детето има редок синдром холопросенцефалија, деформација на мозокот и лицето „неспоива со животот“. Арон имал само мал дел од мозокот.

Докторите ја уверувале дека бебето ќе умре
Уверена дека нема да преживее, Ема го повикала семејството  во болница  за да се простат со момчето. Но Арон ги надминал сите предвидувања на докторите и неодамна го прослави вториот роденден. Арон  ги шокирал  докторите и семејството, а пред неколку недели  го изговорил и првиот збор- мама.
„Докторите по породувањето ми рекоа дека нема долго да живее, но не прецизираа колку. Рекоа долку се работеше за било кој друг орган, би можеле да пресадат нов, но мозок не. Арон од почетокот  покажа дека е вистински борец“, вели мама Ема.

„Ме погледна и ми рече ‘мама’. Не можев да верувам“, вели и додава дека не знаела дека е бремена се додека не ја фатиле породилните болки. Не добивала многу на тежина, ниту пак детео  било големо. Докторите веднаш забележале дека бебето има поголема глава од просекот.

„Бев скршена кога ми кажаа. Беше приклучен на сите можни апарати и замотана глава која не ни ја видов. Бев во шок. Се се случи толку брзо, не ни знаев дека сум бремена, а среќата во секунда се претвори  во ужас“, вели Ема која во болница успеала да организира крштевка на бебето.
Освен „мама“ момчето и неколку пати рекло „здраво“.
„Ни рекоа дека Арон засекогаш  ментално ќе биде на возраст на новороденче, но веќе сега покажува напредок. Опкружен со е љубов од сите страни,а посебно  го обожува постариот брат кој пред спиење му пее песнички“, вели Ема.За секоја мајка најубаво е чувството кога   ќе го слушне првиот збор од своето бебе. За Ема Мари од Шкотска тој момент  бил неизвесе

Пронајдете не на следниве мрежи: