Карен Алперт била во парк со синот. Била зафатена со неговиот другар којшто плачел и не видела што се случува на другата страна кај тобоганот.Нејзиниот син се обидувал да се качи на тобоган, кога една непозната жена почнала да му се обраќа со повишен тон. Карен ѝ одговорила со отворено писмо на својот блог.
Пораката е изненадувачка:
„Драга непозната жено која денеска го дисциплинираше моето дете во паркот,
Да расчистиме нешто. Значи, денес вашата ќерка се обидуваше да се спушти од тобоган? Ок, сфаќам. И мојот син исто така се обидуваше? Едноставно. Е сега, со оглед на тоа дека вашата ќерка е аматер во ова и ѝ требаше вечност да се качи, а понекогаш застануваше на пола качување, мојот син немаше друг избор туку да ја одмине и понекогаш да ја бутне, па таа падна и беше чувствителна и почна да плаче? Хммм, ок.
Пред да почнам, само сакам да речам дека требаше да бидам тука кога се случуваше ова, но, за жал, бев на другата страна од паркот со расплаканиот другар на мојот син. Не бев тука, но дали тоа ви дава за право да го дисциплинирате мојот син? Дали тоа ви дава прави да повишите тон на него и да му кажете да престане? Дали тоа ви дава за право да се однесувате како личност која е главна кога е во прашање МОЕТО дете?
Да! Ви дава за право!
Не стигнав да ви го кажам ова денес, но ВИ БЛАГОДАРАМ. Кога моето дете се однесува ужасно, а јас не сум во близина од било која причина, ја имате мојата дозвола да му кажете да престане! Не велам дека имате право да го допирате на било кој начин или неконтролирано да викате на него (само јас смеам), но ве молам да ја имате таа слобода да му кажете да престане да биде таков и да го почека својот ред. Или ако наопачки се качува по тобоганот, или ако мава со каменчиња. Или ако зборува лошо, или ако се однесува како силеџија. Или ако прави било што, што му досадува на некого.
Иако можеби не сте негов родител, вие сте возрасна личност. Тоа значи дека сте попаметни од него. Претпоставувам дека има родители кои би биле бесни ако некој непознат повиши тон на нивното дете, но не и јас!
Жал ми е што не бев тука да ја завршам мојата работа и ви благодарам што го направивте тоа во мое име.
Искрено,
Мајката на `она` момче.“
Се сомневаме дека жената од паркот ќе се пронајде во писмото, но тоа на социјалните мрежи е споделено повеќе од 300.000 пати!Нејзиниот син се обидувал да се качи на тобоган, кога една непозната жена почнала да му се обраќа со повишен тон. Карен ѝ одговорила со отворено пи