Момченце повика 911 бидејќи не сакало да оди на спиење

Loading...

Десетгодишно момченце од американската сојузна држава Масачусетс, добил строг урок од полицијата откако ја повикало службата 911 за итни случаи во САД, бидејќи мајка му го испратила на спиење.Десетгодишниот Ден Дејвис од месото Броктон се налутил затоа што морал да оди во кревет во 20 часот, што инаку било негово вообичаено време кога одел на спиење, бидејќи утредента немал настава, изјавила неговата мајка, 34-годишната Шимејн Росарио за весникот The New York Daily News.Кога момченцето се заканило дека ќе повика полиција, мајка му одговорила дека тоа слободно може да го стори и тој навистина се јавил во службата 911, но веднаш ја затворило слушалката.Меѓутоа, диспечерот возвратил на повикот за да провери дали сѐ е во ред. Мајката му ја објаснила ситуацијата, но во согласност со правилата на адресата сепак била испратена полициска патрола за да се увери дали станува збор за вистинско тврдење на Росарио.Полицајците разговарале со детето, а потоа тој отишол на спиење. Полицијата нема да поднесе пријава против него за лажно јавување, меѓутоа мајка му го казнила па следните две седмици нема да може да излегува од дома, пишува весникот.
МакфаксДесетгодишно момченце од американската сојузна држава Масачусетс, добил строг урок од полицијата откако ја повикало сл

loading...
Loading...