Момчето ја оставило, а таа напишала писмо до неговата нова девојка

Ја оставило момчето, таа по раскинувањето не реагирала со љубомора и бес. Нејзиниот начин  да се прости од минатата врска било праќање писмо на сегашната девојка на нејзиниот поранешен партнер. Со прашањето: „Дали вие би напишале вакво нешто во истата ситуација?“ и „Што оваа девојка ја мотивирало да напише едно вакво писмо?“, впуштете се во читање на нејзините пораки.Мила моја замено
Постојат неколку работи кои треба да ги знаеш, со оглед на тоа дека сега си предмет на неговата желба. Немој  да се изненадиш со тоа колку брзо ќе се вљубиш во него. Немој да се нервираш поради мојот профил на Фејсбук на кој се уште има наши фотографии. Тие сега им припаѓаат на минатото.
Немој да се изненадиш доколку не сака да разговара за својата поранешна девојка. Ниту на пријателите не им кажа кога прекинавме. Не сум сигурна дека сите негови пријатели знаат за нашето раскинување.
Тоа беше прекрасна љубовна приказна, но не грижи се, таа остана во минатото. Ти си неговата иднина. Иако не се познаваме, сигурна сум дека не ме сакаш.  Но, ние две имаме нешто заедничко што не спојува.
Не грижи се, нема да го барам. Не можам да ти ги кажам сите тајни, а нема ни тој. Но верувај дека постои причина поради која  не ги иразува премногу своите чувства и не го вели секогаш она што толку многу сакаш да го чуеш.
Ќе те размази со мали ситници и подароци, но тој  не е расипник. Многу мудро ги троши парите.  Ќе забележиш по насмевката дека во него се уште живее дете.
Ќе видиш дека е еден од ретките кои повеќе сакаат да гледаат филмови отколку да излегуваат во град. Ќе го видиш некогаш пијан, но и лут. Темпераментен е  сигурно веќе си забележала, затоа не сфаќај се лично.
Кога ќе помине нерасположението и невремето, биди сигурна дека ќе се врати со насмевка на лицето и бистри сини очи, а ти на таа глетка нема да можеш да ѝ одолееш.
Со него ќе го запознаеш светот на сосема поинаков начин.
Кога ќе се вљуби, ќе стори се што ќе го замолиш, но не очекувај да ти повторува дека те сака. Можеби нема да мисли на тебе во секој момент, но биди сигурна дека многу често ќе му бидеш во мислите.
Тој има големи соништа, но многу често се откажува од нив. Твоја задача ќе биде секојдневно да му повторуваш дека е згоден, паметен и дека може да оствари се што ќе посака. Нема да ти верува, но немој да престанеш да му го кажуваш тоа.
Кога ќе му кажеш нешто што во тој момент не му се допаѓа, ќе забележиш дека едната веѓа му е поткрената и дека те гледа без трепкање.

 
Кога ќе излезете во град, дискотеки, клубови, нема да можеш да а да не го забележиш неговиот поглед на себе. Ќе те гледа како да си единствена на светот. Да, тогаш повторно ќе се вљубиш во него!
Ќе има моменти кога ќе ти ја отвори душата и ќе ти признае некои грешки од минатото, но немој да го осудуваш.
Тој сега е подобра личност поради сите тие грешки од минатото и биди среќна што те нашол. Се надевам дека ќе го сакаш онака како што заслужува. Се надевам дека и тој тебе ќе те сака длабоко и страсно како што вреував дека ме сака мене.
Се надевам дека е искрен кон тебе онака како што беше некогаш кон мене, а најмногу се надевам дека ќе ти пружи врска од бајките на каква се надевав јас.
Запомни дека не те мразам, само сум ти љубоморна. Мило ми е што уште некој доби можност да го доживе она што и јас.
Немој да го повредиш како што тој ме повреди мене.
Се надевам дека ќе те сретнам еден ден. Како што веќе напишав, нас две не повредува нешто силно, нешто што ќе го разбереме само ние.
Нему му е важно каква е девојката како личност, па дури тогаш му е важно кои се нејзините физички карактеристики. Ќе признаеш, тоа е ретка особина.
Од тебе барам само едно: „немој да го повредиш онака како што тој ме повреди мене. Верувам во карма, верувам дека луѓето го добиваат она што го заслужиле, но никогаш никому не сум му го посакала тоа страдање, а посебно не нему.
Ти си сега со човек од нашите сништа и не лажам кога ќе кажам дека се надевам дека ќе ви успее.
Поранешната девојкаМила моја замено
Постојат неколку работи кои треба да ги знаеш, со оглед на тоа дека сега си предмет на неговата желба. Немој  да се и

Пронајдете не на следниве мрежи: