Момчето ме силуваше и тепаше цела ноќ

Деца, моите маки траеа неколку часа. Ме удираше, ми стави перница на глава и ме силуваше. Ми се закани дека ќе ми ја запали куќата.Вака Д. И. (74) ја започанла приказната пред обвинителот и полицијата, три дена откако  сега уапсениот Живадин Живановиќ (19) брутално ја нападнал  во нејзината куќа во село Лозовик кај Јагодина. Таа пред сослушувањето отишла на гинеколошки преглед каде било утврдено дали е силувана. Наодот  на докторите е ставен помеѓу доказите, а потоа старицата е сослушана.
„На славата Свети Лука, 31 октомври, кај соседот Ацо бев до 22 часот. отидов дома на спиење. Некаде околу пет наутро, слушнав како некој удира на влезната врата. Момчето се претстави како соседот Ацо и тогаш ја отворив вратата. Тогаш го здогледав момчето Живадин. Удри во вратата, ме турна и ме вовлече во куќата. Почна да ме тепа, беше страшно. Беше ногу пијан“, вознемирено раскажувала старицата.
Таа раскажала дека по бруталното  тепање момчето не застанало, туку и ставил перница на главата.
„Мислев дека сака да ме задуши. Викав, се бранев, но беше посилен. Ништо не ми помогна. Мислев дека на моите маки им нема крај, дека ќе умрам. Тогаш ме силуваше. Дочекав ужас на стари денови“, сведочела Д. И. откако обвинителот јасно квалификувал кривично дело силување.
Старицата раскажала дека момчето по силувањето повторно ја тепал
„Не сакаше ниту пари, ниту драгоцености. Ми рече да не кажувам никому  ништо, а доколку кажам нешто, ќе се врати и ќе ми ја запали куќата. Се исплашив. Од срам не можев да кажам ни збор. Утредента луѓето ги видоа моите повреди, изгребаното лице и раце, па ме наговориа да поднесам пријава. Сега сите ме заштитуваат. Полесно ми е, но и понатаму се плашам од тоа момче, поминав низ пекол“, заклучила старицата.Вака Д. И. (74) ја започанла приказната пред обвинителот и полицијата, три дена откако  сега уапсениот Живадин Живановиќ (19) брутално ја напа

Пронајдете не на следниве мрежи: