четврток, 26 ноември 2026
Најново

МОМЦИ! ОВА е штетно за вашата машкост!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Многу мажи не го поминуваат денот без да се напијат барем една чаша од својот омилен газиран сок. За жал, тоа сериозно може да влијае на нивната машкост.Научниците од Универзитетската болница во Копенхаген дошле до сознание дека мажите кои во просек дневно пијат по еден литар газиран сок, неретко имаат сериозни проблеми со потенцијата.
Се утврдило дека движењето на сперматозоидите кај 2.554 испитаници кои постојано пиеле газиран сок е драстично намалено. Дополнително додека бројот на сперматозоиди кај просечниот маж е околу 56 милиони по милилитар, кај овие мажи таа бројка била намалена за околу 30 проценти.

 
Иако ова не значи дека мажите кои пијат многу газирани пијалоци нема да можат да станат татковци, сепак ќе имаат потешкотии. Научниците велат дека доколку постојано се претерува со ваквите пијалоци постои опасност од неплодност.
Сепак, научниците не се сосема сигурни која состојка е „заслужна“ за ваквите поразителни резултати, бидејќи истите и во исти количини се користат и во други облици, но не предизвикуваат  толкава штета.Научниците од Универзитетската болница во Копенхаген дошле до сознание дека мажите кои во просек дневно пијат по еден литар газиран сок, неретко им

Поврзани вести