МОМЧИЊА ЧЕКАЛЕ ДА СЕ ВРАТИ НИВНАТА МАЈКА, НО НЕЈЗЕ ЈА НЕМАЛО: Срцепарателна приказна!

„Единствена желба ми е да ја видам мајка ми, но никогаш не би ја барал. Зошто да ја барам кога нѐ остави? Сепак, често мислам на тоа дали личам на нејзе“, вели Перица Петровиќ (12), најмладиот од тројцата браќа коишто живеат сами, во трошна куќа на падините на планината Мучањ, во селото Маскова кое е оддалечено 40 километри од Ивањица во Србија.Најстариот Иван (16), веќе се има навикнато на тажната судбина и бара утеха во комуникацијата со селаните, но кога треба, тука е за своите браќа.
„Мајка ми не ме интересира. Само ми недостига татко ми. Но, ветив дека ќе продолжам онака, како што ме учеше. Да бидам вреден и чесен човек“, вели средниот брат Михајло (15), кој сѐ уште не може да се помири со смртта на неговиот татко иако поминале две години.
Напукнатите ѕидови од трошната куќа, бетонскиот под на кој има стар, но чист тепих, шпорет со напукната плотна, дотраени прозорци низ кои ветерот морничаво звучи… е тажната глетка која ја разубавуваат детските насмевки и очите во кои надежта не е изгасната.
Перица се наоѓа покрај шпоретот. Тој го пече најдобриот леб, тврди дедо Драгољуб кој веќе има 82 години и слабо е подвижен, па момчињата се грижат за него.
„Тие се моето сонце. Мајка им ги напушти, татко им прерано го напушти овој свет. Лоша судбина се надви над нив“, вели дедото.

„Се сеќавам како да беше вчера, а има повеќе од една деценија. Нивната мајка тргна во Ивањица да купи училишен прибор. Син ми ја испрати и се договорија навечер да ја дочека, бидејќи од главниот пат до нашата куќа има три-четири километри. Треба да оди низ шума и мрачно е. Тој излезе навечер, зеде со себе ламба, ја чекаше со часови… И наредната вечер исто, мислејќи дека можеби спиела кај роднините. Но, таа никогаш не се врати“, вели дедото Драгољуб.
Подоцна дознале дека таа се премажила во Сјеница. Судот ѝ го доделил најмладиот Перица, но вториот маж го вратил Перица дома кај браќата. Тогаш имал само две години.
„Најважно ми е да сум со браќата. И кога немаме, трпиме, си помагаме. Преку викенд ќе дојде нашата тетка, таа ни е старател. Ќе нѐ види, ќе ја исчисти куќата. Би сакал да имам компјутер, да го видам морето, а еднаш сонував дека сум во Белград. Многу сум тажен кога децата во училиште велат дека биле со родителите на летување“, вели Перица, чија желба е да продолжи да се школува по завршеното основно училиште.
Неговиот брат Михајло ги нема истите желби.
„Јас нема да продолжам да одам на училиште. Немаме пари, а и ги сакам земјоделството и полјоделството. Не ми е тешко да работам, да ја обработувам земјата и да одгледувам растенија. Сега ги изведов на пасење Баљко и Златко, тие ми се миленици. Сѐ ги научив. Ме разбираат подобро отколку луѓето“, вели Михајло за своите волови.
Тие немаат ниту тоалет. Се имаат еден со друг и сакаат да живеат како и нивните врсници.
Соседите за нив велат: „Толку мали, а толку зрели. Сѐ работат. Од домашни обврски до физичка работа во нивата. Возат и трактор, ги изведуваат кравите на пасење, а живеат во трошна куќа која може да се урне во секој момент“.
Времињата се тешки, се немаат пари, инаку и во селото би се организирале да им помогнат. Но, тие не се жалат. Главите им се високо кренати, иако се гледа тага во нивните зеници.Најстариот Иван (16), веќе се има навикнато на тажната судбина и бара утеха во комуникацијата со селаните, но кога треба, тука е за своите браќа.

Пронајдете не на следниве мрежи: