МОН доделува 30 стипендии за постдипломски студии на Филмската академија во Охрид

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 30 стипендии за постдипломски студии на Институтот за филм – Филмска академија Охрид, која беше отворена минатата година и работи според наставните програми на престижната филмска академија ФАМУ во Прага.МОН лани првпат додели целосни стипендии за кандидати од првата генерација запишани на Институтот за филм во Охрид. Од понудените 20, беа доделени 13 стипендии.
Покрај тоа што е зголемен бројот на стипендии за претстојната 2016/2017, има и четири нови студиски програми – за режија, камера, монтажа и за монтажа и дизајн на звук, покрај постојните две програми – за сценаристика и драматургија и за креативна продукција.
Запишувањето на Институтот за филм – Филмска академија Охрид е во тек и ќе трае до 6 јуни. Кандидатите што ќе бидат примени на високообразовната установа имаат право да аплицираат за стипендијата што ја доделува МОН. Рокот за апликација е до 15 септември. Информации за упис се објавени на https://filmacademyohrid.com, а за стипендиите на веб-страницата на МОН.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски апелираше до сите кои сакаат да студираат да се запишат на академијата и да ја искористат можноста за стипендија. Таа е целосна и ги покрива трошоците за престој и за студирање. Постдипломските студии траат три години. Услов е кандидатите да не користат друга стипендија и одлично да го знаат англискиот јазик, на кој се реализира наставата. На академијата студираат и странски студенти кои, исто така, имаат право да аплицираат и да користат стипендија од МОН.
– Институтот за филм – Филмска академија во Охрид е институција преку која се врши директна трансмисија на сето она што значи традиција, искуство, знаење и квалитет на една од петте најстари филмски школи во светот – ФАМУ од Прага. Со оглед на тоа што имаме четири нови катедри, прогресијата на оваа академија изискува и зголемување на бројот на стипендии, изјави Ристовски.МОН лани првпат додели целосни стипендии за кандидати од првата генерација запишани на Институтот за филм во Охрид. Од понудените 20, беа доделени

Пронајдете не на следниве мрежи: