Министерството за образование и наука одлучи учебната година да продолжи на 23-ти јануари.-Согласно барањата на училиштата за продолжување на зимскиот распуст и климатските услови, во консултација со Министерството за здравство дека во периодот на распустот бројот на пациенти со грип е значително намален, донесовме одлука зимскиот распуст да трае една недела подолго, односно наместо на 18, второто полугодие од оваа учебна година да почне на 23 јануари, соопштуваат од Министерството.
-Двата училишни дена, односно од 18-ти, ќе се одработуваат дополнително. Најверојатно еден ден ќе биде одработен во март месец, а еден во април со што ќе се исполни вкупниот фонд на 180 наставни денови, одговори денес на новинарско прашање заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Деновите ќе бидат одработени во сабота, како што и досега е пракса.-Согласно барањата на училиштата за продолжување на зимскиот распуст и климатските услови, во консултација со Министерството за здравство дек